Уште една седмица за пријавување на приходите во УЈП
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Наближува крајниот рок за поднесување на Годишна даночна пријава 15-ти Март, граѓаните имаат уште една седмица да ги пријават приходите во Управата за јавни приходи.
Потсетуваме дека работното време на даночните канцеларии на УЈП е:
1. секој работен ден од 08.30 до 18.00 часот и сабота од 08.30 до 14.00 часот
– Регионалните дирекции (Скопје, Битола, Прилеп, Штип, Струмица и Тетово);
– Дирекција за големи даночни обврзници Скопје (зграда на ССМ)
– Даночни одделенија (Охрид, Струга, Ресен, Кавадарци, Велес, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Виница, Свети Николе, Берово, Гевгелија, Радовиш, Гостивар, Кичево и Дебар) .
2. секој работен ден од 08.30 до 16.30 часот
– Даночни шалтери (Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево, Кратово, Делчево, Пробиштип и Валандово); и
– Мобилните даночни шалтери (види возен ред http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/316)
За точна адреса, локација и работно време на даночните канцеларии, види и http://www.ujp.gov.mk/mk/kontakt
Корисни информации
• Брошура „Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход“ (види http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/2)