Уште осум години затвор за поранешната претседателка на Јужна Кореја
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Јужнокорејскиот суд ја осуди поранешната претседателка на Јужна Кореја, Парк Геун-Хје, на уште осум години затвор откако претходно ја прогласи за виновна за злоупотреба на владини фондови и мешање во парламентарните избори во 2016 година.
Главниот окружен суд во Сеул пресуди дека Парк, која веќе служи 24-годишна затворска казна поради одделни обвиненија за корупција, заедно со соработниците довела до губиток во владиниот фонд за државната разузнавачка служба вреден околу 22,72 милиони евра.
Извор: Макфакс