Уште пет дена за воведување на фискален апарат со гпрс уред | Правдико

Правдико

   

Уште пет дена за воведување на фискален апарат со гпрс уред

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

g_ujp-nova1Сите фирми кои што вршат промет на добра и на услуги за кои плаќањето се врши во готово, а кои досега не ја отпочнале постапката за воведување на ГПРС фискална каса кај некои од овластените производители, имаат уште пет дена до истекот на крајниот рок – 31 Јануари, да ја исполнат законската обврската.

Според последните податоци, 38.565 фискални апарати со ГПРС уред успешно се регистрани и поврзани со новиот систем на УЈП за он-лајн следење на готовинските плаќања.

По истекот на рокот, даночните обврзници кои немаат воведено и не користат фискален систем на опрема со ГПРС ќе се соочат со глоби кои се движат од 750 евра за физички лица (трговци-поединци) и 3250 евра за правните лица, како и со времена мерка забрана за вршење на дејност во објектот од 30 дена.

Извор: УЈП

Препорачуваме

Партнери на Правдико