Услови и постапка за добивање финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Услови и постапка за добивање финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот covid-19 за време на вонредна состојба, се уредуваат условите, начинот и постапката на финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено – економската криза предизвикана од Коронавирусот COVID-19, за месеците април и мај 2020 година.

„Физичко лице кое врши самостојна дејност“ е трговец поединец, физичко лице кое врши земјоделска дејност, лице кое врши занаетчиска дејност и лице кое врши услуги, кое остварува доход од вршење дејност и е запишано во соодветен регистар.

За финансиската поддршка на физичко лице кое врши самостојна дејност, Владата на Република Северна Македонија донесува Програма за финансиска поддршка на физичките лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено – економската криза предизвикана од Коронавирусот COVID-19, за исплата на финансиски средства на трансакциска сметка преку која физичкото лице – барател на финансиска поддршка за исплата на финансиските средства за месеците април и мај 2020 година, врши трансакции за дејноста (во натамошниот текст: физичкото лице кое врши самостојна дејност – барател на финансиска поддршка).

Предмет на финансиска поддршка е исплата на финансиски средства за месеците април и мај 2020 година, во износ од 14.500 денари месечно за физичкото лице кое врши самостојна дејност – барател на финансиска поддршка.

Физичкото лице кое врши самостојна дејност – барател на финансиска поддршка поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства до Управата за јавни приходи.

Барањето, физичкото лице кое врши самостојна дејност – барател на финансиска поддршка, го поднесува преку системот е-pdd на Управата за јавни приходи до 5-ти во месецот за претходниот месец, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од три дена од денот на приемот на Барањето.

Кон Барањето од ставот (2) на овој член, физичкото лице кое врши самостојна дејност и се оданочува по вистински доход – барател на финансиска поддршка дава Изјава за исполнетоста на условите од од оваа уредба со законска сила, а физичко лица кое врши самостојна дејност и се оданочува според утврден годишен паушален нето доход исто така дава Изјава за исполнетоста на условите од оваа уредба со законска сила.

Услови

За користење на финансиската поддршка, физичкото лице кое врши самостојна дејност – барател на финансиска поддршка, а се оданочува според вистински доход треба да ги исполни следните услови:

– намалувањето на вкупните приходи на физичкото лице од вршење на самостојна дејност

– барател на финансиска поддршка, во месец март 2020 година да изнесува повеќе од 30% во однос на месечниот просек на вкупните приходи остварени од самостојна дејност во 2019 година,

– за физичко лице кое врши самостојна дејност – барател на финансиска поддршка кое е запишано во соодветен регистар (основан) после месец март 2019 година, вкупните приходи од самостојна дејност, за месец април 2020 година или месец мај 2020 година да се помали за најмалку 30% во однос на месечниот просек на вкупните приходи остварени од самостојна дејност од денот на запишувањето во соодветен регистар во 2019 година и месеците јануари и февруари 2020 година.

– за физичко лице кое врши самостојна дејност – барател на финансиска поддршка, кој врши дејност од сезонски карактер, намалувањето на просечните приходи од самостојна дејност за последниот сезонски период од четири месеци споредено со просечните приходи од самостојна дејност за сезонскиот период од истите четири месеци во претходната година да изнесува повеќе од 30%.

Финансиската поддршка не може да оствари физичко лице вршител на самостојна дејност кое се оданочува по вистински доход и кое во 2019 година на годишно ниво има остварено нето доход пред оданочување во износ поголем од 478.800 денари, односно физичко лица кое врши самостојна дејност и се оданочува според утврден годишен паушален нето доход и кое во 2019 година има утврден годишен паушален нето доход поголем од 478.800 денари.

За времетраење на финансиската поддршка согласно со оваа уредба со законска сила и четири месеци по престанувањето на важењето на оваа уредба со законска сила, физичкото лице кое врши самостојна дејност – корисник на финансиска поддршка не може да престане со вршење на дејноста, освен во случај на пензионирање и смрт на физичкото лице.

Управата за јавни приходи до 10-ти во месецот за претходниот месец, ја известува Владата на Република Северна Македонија за физичките лица кои вршат самостојна дејност – баратели на финансиска поддршка,кои ги исполниле условите за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства.

Износот на финансиска поддршкасе исплатува до 13- ти во месецот за претходниот месец согласно со Програмата за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено -економската криза предизвикана од Коронавирусот COVID-19, на трансакциска сметка преку која физичкото лице кое врши самостојна дејност врши трансакции за дејноста, за исплата на финансиски средства за месеците април и мај 2020 година, согласно со известувањето на Управата за јавни приходи.

За исплата на финансиската поддршка физичкото лице кое врши самостојна дејност и се оданочува по вистински доход – барател на финансиска поддршка треба да ги исполни условите од членот 3 став 4 и членовите 4 и 5 од оваа уредба, а физичко лица кое врши самостојна дејност и се оданочува според утврден годишен паушален нето доход треба да го исполни условите од членовите 4 и 5 од оваа уредба.

Физичкото лице кое врши самостојна дејност и кое користело финансиска поддршка за исплата на финансиски средства согласно оваа уредба со законска сила должен е да ги врати добиените финансиски средства во целост, заедно со камата за јавни давачки, доколку по извршена контрола од страна на Управата за јавни приходи и/или Државниот инспекторат за труд се утврди дека физичкото лице кое врши самостојна дејност не ги исполнил условите од членот 3 став (4), членот 4 и членот 5 од оваа уредба со законска сила.

Физичкото лице кое врши самостојна дејност и се оданочува по вистински доход – барател на финансиска поддршка кое го искористило правото на финансиска поддршка, согласно оваа уредба со законска сила должен е примените финансиски средства да ги врати во Буџетот на Република Северна Македонија, но најмногу до износот од 50% од износот на искажаниот финансиски резултат за 2020 година, пред оданочување во Билансот на приходи и расходи (образец Б), зголемен за непризнаените расходи за даночни цели од Годишниот даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност.

Враќањето на износот, ќе се изврши на три месечни рати, без камата, во месеците април, мај и јуни 2021 година.

Препорачуваме

Партнери на Правдико