Услови и постапка за откуп на стаж | Правдико

Правдико

   

Услови и постапка за откуп на стаж

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со најновите измени  на Законот за пензиското и инвалидското осигурување од 12.06.2015 год.,  се јави можност за откуп на стаж, со што му се овозможува на осигурениците сами за себе да извршат  плаќање на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување. Според ова секој осигуреник кој бил во работен однос, односно на работа врз основа на која бил пријавен во задолжително социјално осигурување, а од страна на обврзникот за пресметка и плаќање на придонес не е платен придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за период до 31 декември 2008 година, може самиот за себе да изврши плаќање на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување.

Плаќањето на придонесите  се однесува за целиот период кој не е утврден во стаж на осигурување поради неплаќање на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување од страна на обврзникот за пресметка и уплата на придонесот.

Основица на плаќање

Основица за пресметка и плаќање на придонесот изнесува 50% од просечната плата за претходната година од годината во која е поднесено барање за плаќање на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување, објавена од Државниот завод за статистика на Република Македонија. Плаќањето на придонесите се врши според стапката на придонес за пензиско и инвалидско осигурување утврдена со закон. Покрај осигурениците плаќањето на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување може да го извршат и членовите на семејството , доколку осигуреникот кој поднел барање за плаќање на придонесот почине во текот на постапката.

work-on-documents-togetherУслови

Правото на плаќање на придонесите се остварува врз основа на поднесено барање до Фондотз а пензиското и инвалидското осигурување од страна на осигуреникот.

Фондот донесува решение за плаќање на придонесите за пензиското и инвалидското осигурување, доколку утврди дека се исполнети следниве услови:

– осигуреникот бил пријавен во задолжително социјално осигурување заклучно со 31 декември 2008 година, што се утврдува од податоците во матичната евиденција во Фондот со претходно воспоставена пријава за почеток и престанок на осигурувањето утврдена во матичната евиденција на Фондот;

– придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за периодот за кој осигуреникот бил пријавен во задолжително социјално осигурување не е платен, односно не е целосно платен, што се утврдува со записник на Фондот и

– обврзникот за плаќање на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување е избришан од регистрите кои се водат при Централниот регистар на Република Македонија или друг регистар пред преземањето во Централниот регистар на Република Македонија, за што Фондот по службена должност обезбедува доказ врз основа на размена на податоци.

Уплатата на придонесите се врши по донесувањето на решението при што плаќањето  може да се изврши најмногу до 12 последователни месечни рати.

Во стаж на осигурување се смета времето кога осигуреникот бил во работен однос, односно на работа врз основа на која бил пријавен во задолжително социјално осигурување доколку во целост е платен придонесот утврден со решението.

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Упатства за електронско проверување на стаж

Партнери на Правдико