Услови кои треба да ги исполнувате за регистрационен агент | Правдико

Правдико

   

Услови кои треба да ги исполнувате за регистрационен агент

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

agentСпоред Законот за едношалтерски систем Регистрационен агент е трговец поединец, или трговско друштво кое е регистрирано за вршење сметководствена дејност и има овластување за поднесување пријава за упис преку Системот за е-регистрација.

За добивање на овластувањето лицето поднесува барање до Централниот регистар во кое приложува:

1) решение за упис во Централниот регистар;

2) доказ за вработено лица со уверение за сметководител/овластен сметководител;

3) доказ дека исполнува одредени техничко-технолошки услови и опрема, соодветни за остварување на овластувањето и личен квалификуван дигитален сертификат, согласно со Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис и

4) изјава за заштита на личните податоци потпишана од барателот на овластувањето.

Централниот регистар донесува решение за издавање на овластувањето, во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на уредно барање, доколку се исполнети критериумите. Барањето и прилозите се разгледуваат од страна на Комисија за утврдување на условите за издавање и одземање на овластување  „регистрационен агент“ , формирана при Централниот регистар на Република Македонија.

Критериуми

Овластување “регистрационен агент” може да се издаде на трговец поединец или  трговско друштво кој/кое ги исполнува следните критериуми:

– е регистриран/ регистрирано во регистарот на трговци поединци овластени  сметководители,односно регистарот на трговски друштва за вршење на
сметководствени работи;

– има вработено најмалку едно лице со уверение за сметководител/овластен  сметководител кое успешно ја завршило обуката за користење на Системот за е-регистрација организирана и спроведена од Централниот регистар;

– има добиено лиценца за вршење на дејност сметководствени работи;

– има потпишано изјава за заштита на личните податоци;

– исполнува техничко – технолошки услови  и

– има потпишано Договор за користење на Системот за е-регистрација.

agent2Овластувања

Постапката за регистрација, односно поднесувањето на пријавата и прилозите за упис на основање преку Системот за е-регистрација од страна на регистрациониот агент  ги опфаќа следните активности:

  • прием на учесниците во постапката во деловните простории на регистрациониот агент, утврдување на нивниот идентитет и дефинирање на содржината на уписот согласно барањата на учесниците;
  •  подготвување и потпишување на полномошно од страна на сите учесници во постапката (основачи/овластени лица за застапување/прокуристи) со кое се овластува регистрациониот агент да ги преземе сите дејствија за составување и поднесување на пријавата и прилозите кон пријавата за упис на основање на ТП/ДОО/ДООЕЛ во име на давателот на полномошното;
  •  составување на пријавата за упис на основање и прилозите кон пријавата, конвертирање на прилозите од хартиена во електронска форма доколку истите се доставени како такви и нивно доставување до Централниот регистар преку Системот за е-регистрација;
  • подготвување и поднесување на изјава како прилог кон пријавата, потпишана од секој учесник во постапката со која се потврдува дека потписите на прилозите доставени до регистрациониот агент во хартиена форма се нивни лични потписи;
  • електронска комуникација со Централниот регистар и други административни работи во врска со постапката за регистрација преку Системот за е-регистрација.

Секоја пријава и сите прилози треба да бидат електронски потпишани со валиден квалификуван дигитален сертификат издаден на име на подносителот –
сметководител/овластен сметководител вработен во правното лице (регистрационен агент).

–ПРАВДИКО–

 

Партнери на Правдико