Услови и начин за вршење на угостителската дејност | Правдико

Правдико

   

Услови и начин за вршење на угостителската дејност

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

European-American-Fine-Dining-Restaurant-at-Klee-Brasserie-Manhattan-NYCВо македонското законодавство,  правилата за вршење на угостителска дејност како и минимално техничките услови за работа со угостителски објект се пропишани во Законот за угостителска дејност и Правилникот за минимално техничките услови за вршење на угостителската дејност.

Под поимот угостителска дејност се подразбира давање на угостителски услуги за сместување и угостителски услуги за исхрана. Како угостителски услуги се сметаат: приготвување и послужување на храна, приготвување оброци заради консумирање на друго место, послужување на алкохолни и безалкохолни пијалаци, приготвување и послужување на топли и ладни напивки и вршење на услуги за сместување.

Услови и начин за вршење угостителска дејност

Угостителска дејност можат да вршат трговски друштва и трговци поединци запишани во трговскиот регистар. Правните и физичките лица од областа на угостителството со цел за унапредување на дејноста можат да се здружуваат во разни форми на здружување согласно со закон.

Угостителска дејност може да се врши во деловни објекти, или во простории во деловно станбени и станбено деловни објекти, уредени и опремени за давање угостителски услуги, доколку се исполнети условите за вршење угостителска дејност.

Исто така угостителска дејност може да се врши и надвор од деловниот објект на простор наменет, уреден и опремен за давање угостителски услуги, врз основа на одобрението издадено од градоначалникот на општината, а во градот Скопје од градоначалникот на градот Скопје.

Доколку се работи за ноќен бар, кабаре и дискоклуб,  угостителската дејност   не може да се врши во деловна просторија која се наоѓа во колективна станбена зграда.

Угостителските објекти можат да работат како:

1) угостителски објекти за сместување и

2) угостителски објекти за исхрана.

Називот на угостителскиот објект се определува според видот на утостителските услуги што претежно се даваат во тој објект, а  според видот на угостителските услуги имаат назив согласно со Националната класификација на дејностите.

За вршење на угостителска дејност мораат да бидат исполнети пропишаните минимално-технички услови. Покрај минимално-техничките услови, мора да бидат исполнети и следниве услови: објектот да може да се употребува, да има санитарно здравствени услови, да има услови  за заштита при работа, заштитата и унапредување на животната средина, противпожарна заштита како и услови  за заштита од бучава пропишани со закон.

Fine-Dining-Milos-2-1Минимално-технички услови 

Минимално-техничките услови треба да бидат исполнети во сите видови угостителски објекти, без оглед на називот. Угостителските објекти треба да бидат уредени и опремени така да овозможуваат рационално користење на просторот, непречено движење на гостите и работениот персонал, непречен пренос на материјал, исправна и хигиенско приготвување, ракување, чување, послужување и доставување на прехрамбени производи, заштита на здравјето на гостите и вработениот персонал.

a/ Истакнување на видот, називот и категоријата

На главниот влез во угостителскиот објект треба видливо да биде истакнат видот и називот на објектот.  До главниот влез на угостителскиот објект, кој исполнува услови за категоризација,  треба да биде истакната стандардизирана плочка со ознака на видот и категоријата на објектот.

б/Снабдување со вода и собирање на отпадните материи

Во угостителските објекти треба постојано да бидат обезбедени доволни количини хигиенски исправна вода и соодветно снабдување со вода за пиење. Снабдувањето со вода   и одводот на отпадните течни материи треба да се реши   на хигиенски начин, во согласност со здравствените прописи и прописите за заштита на човековата средина.

в/Телефонски  приклучок

Во угостителските објекти треба да има приклучок на јавната телефонска мрежа, освен во местата каде што не постојат такви можности. Во таквите места, угостителските објекти треба да им обезбедат на потрошувачите други соодветни средства на телекомуникации или, ако е возможно, специфични информации во врска со најблискиот телефонски  приклучок. Доколку угостителскиот објект не е поврзан со јавната телефонска мрежа, тоа  треба да биде објавено во секоја брошура или информатор на угостителскиот објект или  треба да им се даде на гостите претходна информација уште во процесот на резервација.

NFPA--Every-room-should-have-two-fire-exits_16000885_801356389_0_0_14022603_300г/ Заштита од пожар

Угостителските објекти треба да работат во согласност со прописите за заштита од пожар, според кои во угостителските објекти треба да има апарати и друга опрема за гаснење пожар. Вработениот персонал треба да биде оспособен да ракува соодветно со тие апарати и опрема.

д/ Греење, осветлување и проветрување на просторот

Во сите простории во кои се задржуваат гости треба да има можност за загревање на тие простории така што температурата  да не е помала од 19оС.  Во објектите исто така треба да биде обезбедено соодветно природно или механичко проветрување, во согласност со санитарната и здравствена регулатива и прописите за заштита при работа.

ѓ/Внатрешна висина на просторот и расположлив простор за гостите

Во угостителските објекти височината од подот до таванот треба да изнесува најмалку:

– 2,4 м во собите.

– 2,6 м во заедничките простории за престој, просториите за послужување и кујните.

Во ресторани и други угостителски објекти во кои просториите за послужување на гостите имаат галерија (просторија на две нивоа), височината на просториите за послужување на гостите треба да изнесува најмалку 4,8 м од подот до таванот, а височината на галеријата од подот до таванот треба да изнесува најмалку 2,2 м.  Во просторијата за послужување на гости, без оглед на називот на угостителскиот објект, каде има поставено маси, треба да биде обезбеден простор од најмалку 4,8 м2 за една маса со 4 столови.

е/ Простории за лична хигиена на гостите

Во угостителските објекти треба да има соодветни санитарни простории (ВЦ-иња, бањи и други уреди). Тие простории треба постојано да се чисти, да имаат вентилација и треба да бидат дезинфицирани. Санитарните простории не смеат директно да водат до просториите во кои се чува или приготвува храна.

ritz3-42ж/ Кујна

Кујните во угостителските објекти со својот капацитет треба да одговараат на капацитетот на просториите, односно просторот за послужување Во кујната треба да има обезбеден одвод на чад, пареа и мириси кои треба да бидат во согласност со законодавството за безбедност на храна.

Ѕидовите на кујните, како и просториите за приготвување јадење и миење на садови треба да бидат обложени со материјал кој не пропушта вода и лесно се чисти и мазна површина соодветна за извршување на операциите.

Во угостителскиот објект, кој нема кујна, а гостите се послужуваат со топли јадења, треба да има простор за приготвување јадење.  Просторот за приготвување јадења треба да има соодветен термички блок, работна површина и апарат за миење садови со протечна топла вода.

з/ Простор за послужување

Во просториите, односно просторот за послужување, треба да има доволно простор и потребен број маси, конзумни пултови, столови и клупи. Делот на угостителскиот објект, во кој услугите на исхрана се даваат врз основа на самопослужување, треба да биде одвоен од останатиот дел на објектот наменет за гости и изведен и уреден така да се обезбедени потребните хигиенски услови. Во угостителските објекти кои работат сезонски или повремено (на плажа, базени, на приредби, саеми, излетнички места и сл), а немаат простор за служење, како простор за служење се смета и покриениот простор на отворено.

Угостителот е должен исполнувањето на условите и започнувањето со работа да го пријави на Државниот пазарен инспекторат, на градоначалникот на општината, а во градот Скопје на градоначалникот на општината на подрчјето на градот Скопје според местото и седиштето на објектот, односно според местото каде што се даваат услугите, најмалку 15 дена пред почетокот на работењето на угостителскиот објект.

Статијата е објавена во првиот регионален Б2Б магазин за угостителство InBar 

11039337_409030099299994_5483994812258283959_n

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико