Услови што треба да се исполнат за добивање инвалидска пензија | Правдико

Правдико

   

Услови што треба да се исполнат за добивање инвалидска пензија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

bbbvvvvvvvvvvИнвалидноста може да се јави како последица од заболување, повреда надвор од работно место, повреда на работа или професионална деформација. Инвалидска пензија може да се добие:

• кога здравствената состојба е намалена за повеќе од половина во споредба со здраво лице и осигуреникот е постар од 50 години (и за мажи и за жени).
• кога здравствената состојба е до тој степен нарушена што не може да се третира со лекување, и доаѓа до постојана загуба на работните способности, без разлика на возраста.

Друг начин на добивање инвалидска пензија е:

• кога инвалидноста е предизвикана од повреда на работа или професионална деформација, без разлика на должината на пензискиот стаж.

• кога инвалидноста е предизвикана со повреда надвор од работно место или со болест, под услов пред настанувањето на инвалидноста лицето
да има наполнет пензиски стаж кој му покрива најмалку една третина на периодот од навршени најмногу 20 години живот до денот на настанување
на инвалидноста (работен век), сметајќи го работниот век на полни години.

Помлади осигуреници кај кои инвалидноста настанала пред навршување на 30 години живот како последица на повреда надвор од работно место или болест, добиваат инвалидска пензија ако на денот на настанување на инвалидноста се осигурени и ако инвалидноста настанала:

• До 20-годишна возраст и ако лицето има најмалку шест месеци стаж на
осигурување;

• До 25-годишна возраст и ако лицето има најмалку 9 месеци стаж на
осигурување;

• До 30-годишна возраст и ако лицето има најмалку 12 месеци стаж на
осигурување;

Потребни документи за остварување на правото на инвалидска пензија се:

• Барање за инвалидска пензија;
• Работна книшка и докази за пензискиот стаж што не е впишан во работната книшка (решенија, уверенија и др.);
• Извод од матичната книга на родените со впишан единствен матичен број или лична карта на увид;
• Образец бр.3 издаден од матичниот лекар (предлог за утврдување на инвалидност со наод и мислење за здравствената состојба и работната
способност на осигуреникот);
• Медицинска документација пропишана со Одлуката за задолжителен минимум на обемот и содржината на медицинската документација во
постапката за остварување права по основа на инвалидност (Службен весник на РМ, бр. 88/04);
• Пријава за повреда на работа (ако осигуреникот е повреден на работа);
• Потврда за отслужен воен рок;
• Доказ за работен стаж надвор од државата;
• Писмена изјава и друго

Извор: Водич за вашето право на пензија / Меѓународна организација на трудот

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Водич за вашите права на пензија 

– Кој има право на инвалидска пензија?

– Кога може да се добие старосна пензија?

– Кои се условите за стекнување семејна пензија?

– Како се пресметува износот на придонесите во пензискиот систем

Партнери на Правдико