Услови за добивање лиценца за процена
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Под поимот Проценувач согласно Законот за процена се подразбира лице кое има положено стручен испит за проценувач и е вработено кај овластен проценувач, во единица на локалната самоуправа на работи од област на процена на пазарна вредност на недвижен имот за пресметување на данок на имот, во банка или штедилница регистрирана во Република Македонија или во Бирото за судски вештачења.
Процената на пазарната вредност на предметот на процена, се врши на начин пропишан со методологија, правила и стандарди за процена кои ги вклучуват признатите меѓународни стандарди за процена на вредноста, како и други закони со кои се регулира проценувањето на вредноста на различни форми на сопственост и прописите донесени врз основа на нив. Проценувачот е должен процената да ја достави до нарачателот на процената во согласност со условите и роковите договорени од страна на нарачателот и проценителот.
Процената се врши во следниве области:
1) трговско друштво, јавно претпријатие и други правни лица;
2) недвижен имот;
3) подвижен имот;
4) побарувања и обврски;
5) машини и опрема;
6) транспортни средства;
7) земјоделство, шумарство и водостопанство;
8) индустриска сопственост;
9) авторски права и сродни права; 10)
заштита на животната средина; 1)
информатичка технологија;
12) полициска и воена опрема;
13) даноци на имот и
14) други области утврдени со закон.
Еден од условите за добивање на лиценца за процена е положен стручен испит. Лицето кое го положило стручниот испит може во рок од една година да побара издавање на лицанца, во спротивно по изминување на една година може да поднесе барање за лиценца само по претходно повторно посетување на обуката за проценувач.
Услови за полагање на стручен испит за проценувач
Стручен испит за проценувач може да полага лице кое ги исполнува следниве услови:
– да е државјанин на Република Македонија,
– да има живеалиште во Република Македонија, – да има високо образование (диплома со завршено четиригодишно високо образование или диплома со 30 кредити според европскиот кредит – трансфер систем (ЕКТС),
– со правосилна одлука да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност се додека трат последиците од забраната, – да има најмалку пет години работно искуство во содветната област и
– да има сертификат за завршена почетна обука за проценувач од содветна област.
Барањето за полагање стручен испит кандидатот го поднесува до содветнотоминистерство со приложени докази за исполнување на условите.
Почетната обуката за проценувач се организира за стекнување практични и теоретски знаења и вештини, со цел да се создадат обучени и стручни кандидати за полагање на стручен испит за проценувач. Обуката за проценувач ја спроведува Комората на проценувачи во
соработка со содветното министерство и не може да трае повеќе од 30 часа.
Почетната обука ја вршат предавачи како стручни лица за спроведување на програмите за почетна обука. За предавачи се ангажират лица кои со своите активности при непосредното спроведување на програмите за почетна обука дават придонес за одржување на високо ниво на знаења и вештини на кандидатите за проценувачи. Предавачите се определуват од редот на универзитетски професори и лица кои со своето дотогашно работно искуство со научно звање магистер на науки и доктор на науки дале придонес во развојот на дејноста процена и вршењето на процената.
Стручниот испит се спроведува заради оценување на потребното стручно знаење. Стручниот испит се состои од писмен и устен дел и се полага според програма во која се содржани градиво, прописи и литература. Програмата за полагање на стручниот испит по предметите ја донесува надлежниот министер од содветното министерство . Стручниот испит се полага најмалку двапати во тековната година. Огласот за полагање на стручен испит се објавува најмалку еден месец пред полагање на испитот .
За спроведување на стручниот испит од својата област, надлежниот министер формира Комисија за полагање на стручен испит.
Писмен дел
Кандидатот се известува за времето и местото за полагање на стручниот испит најдоцна во рок од осум дена пред денот на полагање на стручниот испитот. Стручниот испит започнува со полагање на писмениот дел од испитот. Писмениот дел на стручниот испит се состои од два дела тест и изработка на практичен пример од содветна област. Кандидатот кој нe го положил тестот не може да го полага вториот дел од писмениот дел на стручниот испит.
Кандидатот кој не го положил писмениот дел од стручниот испит не се стекнува со право да го полага усниот дел од стручниот испит. При полагањето на писмениот дел од стручниот испит кандидатот може да се служи само со закони, други прописи и технички помагала, во кои не се содржани објаснувања, коментари и слично и доколку се констатира повреда на ова правило на кандидатот нема да му се дозволи натамошно полагање на стручниот испит во та испитна сесија.
Устен испит
Усниот дел од стручниот испит се полага најдоцна осум дена по завршување на писмениот дел на стручниот испит. Кандидатот усниот дел од стручниот испит го полага пред сите членови на Комисијата за полагање. Усниот дел од стручниот испит се состои од одбрана и презентација на практичниот пример од содветната област.
Усниот дел на стручниот испит се оценува со оцена „положил“ и „не положил“. Ако кандидатот не го положил усниот дел од стручниот испит се смета дека не го положил стручниот испит.
По завршувањето на стручниот испит, според резултатот што кандидатот го покажал на усниот дел, Комисијата за полагање со мнозинство гласови одлучува дали кандидатот го положил или не го положил стручниот испит.
Кандидатот кој нема да дојде во определениот ден на полагање на стручниот испит или пред почетокот на стручниот испит изјави дека се откажува од полагањето, се смета дека не го полагал стручниот испит.
Услови за добивање лиценца за процена
Лиценца за процена може да добие трговец поединец, ако:
– има регистрирана дејност трговец поединец- проценувач и заснован работен однос кај истиот како проценувач и/или има вработено проценувач,
– има осигурување согласно со овој закон, – со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или
должност додека трае забраната и
– даде изјава дека ќе ги применува правилата содржани во Кодексот за етика на проценувачи и професионалните стандарди.
Лиценца може да добие трговско друштво за процена, ако:
– има регистрирана дејност процена,
– има вработено најмалку две лица проценувачи,
– има осигурување согласно со овој закон,
– со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност додека трае забраната, – со правосилна одлука не му е изречена споредна казна забрана за добивање лиценца за овластен проценувач додека трае забраната и споредна казна одземање на лиценца за овластен проценувач, – со правосилна одлука да не му е изречена споредна казна привремена или трајна
забрана за вршење на дејност процена додека трат правните последици на осудата и
– управителот на друштвото за процена даде изјава за проценувачите и другите вработени лица дека во работењето ќе ги применуват правилата содржани во Кодексот за етиката на проценувачи и професионалните стандарди.
Одземање на лицанцата
Лиценцата се одзема:
– ако лиценцата е издадена врз основа на неточни податоци,
– по барање на овластен проценувач,
– ако со правосилна одлука е утврдено нестручно или несовесно или ненавремено вршење на процената,
– ако не го продолжи осигурувањето од одговорност за штета,
– ако уредно не ја плаќа членарината на Комората на проценувачи,
– со престанок на исполнување на условите од членот 21 на овој закон за издавање на лиценца,
–ПРАВДИКО–