Услови за добивање лиценца за вештачење | Правдико

Правдико

   

Услови за добивање лиценца за вештачење

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

stock-footage-businesswoman-working-on-tablet-computer-in-the-officeВештачење претставува  изготвување на стручен наод и мислење изработено врз основа на примена на научни и стручни методи, технички достигнувања, стручни знаења и искуства во областите што се дефинирани во сите случаи определени со закон или по барање на заинтересирано лице – нарачател. Како “Вештак” се подразбира   лице кое има лиценца за вештачење од содветната област и е запишан во регистарот на вештаци

Вештакот е независен и самостоен во вршењето на вештачењето во рамките на овластувањата утврдени со закон. Toj е должен вештачењето да го врши стручно и совесно во согласност со правилата на науката и струката, етичките норми и професионалните стандарди и да го достави до нарачателот на вештачењето навремено во согласност со роковите пропишани со закон или роковите определени од страна на нарачателот.

За добивање на лиценца за вештачење, претходно е потребно да се положи стручен испит. Стручниот испит се полага заради проверка на потребното стручно знаење од соодветната област.  Стручен испит може да полага лице кое ги исполнува следниве услови:

да е државјанин на Република Македонија,
да има живеалиште во Република Македонија,
да има високо образование од соодветната област (диплома за завршено четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС)),
со правосилна одлука да не му е изречна забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната и
да има најмалку пет години работно искуство по дипломирањето во соодветната област за која е поднесено барањето за полагање на стручен испит.

v1Лицето кое положило стручен испит, може да поднесе барање за издавање на  лиценца за вештачење до Министерството за правда. Со барањето  на овој член се приложува:

– доказ за положен стручен испит и
– доказ дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење професија,  дејност или должност, додека трае забраната.

Министерството за правда на лицето кое ги исполнува условите  му издава лиценца за вештачење.  Лиценцата за вештачење се издава со важност во траење од пет години.  Лиценцата за вештачење се продолжува врз основа на поднесено барање до Министерството за правда за продолжување на лиценцата за вештачење најдоцна два месеца пред истекот на важењето , ако во постапка пред надлежен орган, во која го врши вештачењето, парично не е казнет три пати во текот на една календарска година и ако секоја година ја исполнил обврската за посетување на обуката за континуирано усовршување која ја спроведува Комората на вештаци.

Со лиценца за вештачење без полагање на стручен испит може да се стекне:

1) доктор на науки од содветна научна област или трет циклус на универзитетски студи – докторски студи од содветна научна област, по поднесено барање за лиценца за вештачење и доставување на потребната документација , по што му се издава лиценца за вештачење и се запишува во Регистарот;

2) магистер на науки од содветната научна област со пет години работно искуство по магистрирањето, односно положениот специјалистички испит и лице со положен специјалистички испит по медицина или втор циклус на универзитетски студи – магистерски студи од содветна научна област, по поднесено барање за лиценца и доставување на потребната документација , по што му се издава лиценца за вештачење и се запишува во Регистарот и

3) лице кое има вишо или средно образование со регистриран занает од содветна област (кујунџија, крзнар, часовничар, клучар, златар, оптичар или друг занает), по поднесување на барање за лиценца за вештачење и исполнување на следниве услови:

  • да е државјанин на Република Македонија, – да има живеалиште во Република Македонија,
  • да има најмалку пет години работно искуство во содветната област,
  • да не е осуден со правосилна судска одлука за кривично дело на безусловна казна затвор над шест месеци за времето додека трат правните последици од осудата и
  • да има потврда издадена од содветна институција за вршење на занаетчиска дејност, по што му се издава лиценца за вештачење и се запишува во Регистарот.

Издадените, одземените и продолжените лиценци на вештаците, како и лиценците на вештаците кои престанале да важат, се евидентираат во Регистарот кој го води Министерството за правда

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико