Услови за стекнување на право на траен надоместок
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Социјалната заштита е дејност од јавен интерес која се остварува преку, мерки, активности, програми и политики за заштита од социјални ризици, превенција и надминување на социјалните проблеми кои неповолно се одразуваат врз добросостојбата на граѓаните. Согласно новиот Закон за социјална заштита од 23.05.2019 година, предвидени се повеќе основи за парична помош од социјалната заштита меѓу кои е и правото на траен надоместок.
Кој има право на траен надоместок?
Право на траен надоместок има згрижувач кој згрижувал лице во своето семејство и родител кој се грижел за детето со попреченост.
Согласно овој закон како лице со попреченост се смета лице кое има долготрајни телесни, интелектуални, ментални или сетилни нарушувања кои во интеракција со различни пречки може да го спречат неговото целосно и ефикасно учество во општеството на еднаква основа со другите.
Право на траен надоместок за згрижувач има згрижувач кој згрижувал лице во своето семејство најмалку петнаесет години, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж, кој е невработен и не користи право на пензија по која било основа.
Ова право не може да се оствари доколку центарот за социјална работа еднострано го раскинал договорот за сместување лице во згрижувачкото семејство.
Висина на трајниот надоместок
Висината на трајниот надоместок за згрижувачот изнесува 8.000 денари месечно, усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година.
Начинот на остварување на правото на трајниот надоместок за згрижувач, образецот на барањето и потребната документација за остварување на ова право го пропишува министерот.
Право на траен надоместок исто така има родител кој има дете со попреченост
Ова право го остварува родител кој се грижел за детето до неговата 26 годишна возраст, без истото да користи услуга на вон-семејна социјална заштита, кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж.
Правото не може да се оствари доколку на родителот му било одземено родителското право над детето. Висината на трајниот надоместок изнесува 8.000 денари месечно, усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година.
Потребна документација:
- Барањето за остварување на правото на траен надоместок за згрижувач
-
важечка лична карта или патна исправа која се доставува на увид;
-
извод од матична книга на родените за згрижувачот;
-
потврда од надлежен центар за социјална работа за периодот на згрижување на лице или дете без родители и родителска грижа;
-
потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, за статус на невработено лице за згрижувачот и
-
потврда од Фондот на пензискoто и инвалидското осигурување на Северна Македонија дека згрижувачот по наполнување на 62 години на жив от за жена, односно 64 години на живот за маж, не користи пензија.
Потребната документација по точките 3, 4, 5 и 6 на овој член, центарот за социјална работа ја прибавува по службена должност по пат на размена на податоците по електронски пат со надлежните институции или во писмена форма, по дадената писмена согласност на подносителот за користење на неговите лични податоци во постапката за остварување на правото на траен надоместок за згрижувач.
–ПРАВДИКО–