Правдико

   

Услови за вршење авто-такси превоз на патници

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

картинка-таксиАвто-такси превоз на патници по дефиниција претставува превоз што се врши со патнички возила со најмногу седум седишта сметајќи го и седиштето на возачот. Авто-такси превозот се извршува врз основа на лиценцикои ги издава градоначалникот на општината, односно за градот Скопје градоначалникот на градот Скопје со рок на важење од четири години.

Co авто-такси превозот се превезуваат патници внатре во подрачјето опреде­лено со лиценцата. Исто така сo авто-такси превозот можат да се превезуваат и патници од подрачјето определено во лиценцата до друга општина или до градот Скопје, при што во спротивен правец можат да бидат превезени само патниците кои биле одвезени и кои се со живеалиште или престојувалиште од општината од каде што поседува лиценца такси возило. Возачот на такси возилото задолжително води дневник со список на патници кои се превезуваат од друга општина.

Формата и содржината на дневникот  ги пропишува министерот за транспорт и врски.

Покрај условите за вршење на авто- такси превоз на патници пропишани со одредбите на Законот за превоз во патниот сообраќај, авто- такси превозниците мораат да ги исполнуваат и условите пропишани од страна на советот на општината или на Советот на градот Скопје.

 Со актот на советот на општината или на советот на градот Скопје особено се утврдуваат условите во врска со :

– локацијата и капацитетите на такси станиците,

– обележувањето и опремувањето на такси станиците,

– бојата на возилата и

– унифицирани ознаки и опрема на такси возилото

– тарифата и начинот на користење на такси станиците

– максималниот број на такси возила со кои може да се врши авто такси превоз на патници.

DSC03946Определените такси станици можат да ги користат само авто-такси превозницитe кои имаат лиценца од општината на чие подрачје имаат седиште. Во општините каде што има аеродром, такси станицата не може да биде определена во просторот со кој стопанисува претпријатието со аеродромот. Во овој случај претпријатието кое стопанисува со аеродромот може да склучи договор за услуги за превоз на патници од и до аеродромот со една или повеќе такси компании при што начинот на користење на просторот со кој стопанисува претпријатието ќе се уреди со договорот за услуги.

Претпријатието кое стопанисува со аеродромот е должно да обезбеди пристап до аеродромскиот патник заради непречено слегување на патниците кои се превезуваат до аеродромот. Автотакси компаниите кои вршат ваков превоз до аеродромот, а немаат склучено договор со претпријатието кое стопанисува со аеродромот, по извршената услуга се должни веднаш да го напуштат аеродромот.

При вршење на авто- такси превоз, во возилото мора да има сертификат за авто-такси возач вградено исправен, пломбиран и баждарен таксиметар. При вршењето на превозот задолжително мора да биде вклучен таксиметарот и цената на превозот да се наплатува врз основа на износот утврден во таксиметарот со издавање на фискална сметка.

На покривот на возилото и на бочните страни со кое се врши авто-такси превоз на патници мора да биде истакнат називот “ТАХ1”, а на бочните страни покрај називоттакси и бројот од регистарот на такси превозниците. Во возилото задолжително на видно место над таксиметарот треба да биде истакнат ценовник со утврдени тарифи за чинење на превозот и извод од лиценцата за возилото со кое се врши превозот истакнат на ветробранското стакло од страната на возачот.

При вршење на авто такси превоз кога такси возилото е празно, без да има патници и без да има најавен повик дека треба да земе патник, превозникот може да стои исклучиво на авто такси стојалишта определени од страна на општините или градот Скопје.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико