Условна казна за демонстрант поради демолирањето на канцеларијата на Иванов
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.19-годишниот Борјан Е. доби три месеци условна казна затвор, ако во наредната година направи друго кривично дело.
Борјан е демонстрантот кој учествуваше на протестите против аболицијата од Ѓорѓе Иванов.
Тој го признал делото и се спогодил со обвинителството.
Ова е прва пресуда по поднесените кривични пријави за демонстреантите кои ја демолираа канцеларијата на Иванов во центарот на Скопје.
Веднаш по нејзиното изрекување притворот за осудениот е укинат.
Во четврток треба да продолжи судењето за членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски – а во петок судењето за Филип Наковски и Никола Аризанов, сите обвинети за кривичното дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Сите четворица сè уште се наоѓаат во куќен притвор.
Извор: А1Он