Условни осуди за двајца обвинети од протестите пред Народната канцеларија на Претседателот | Правдико

Правдико

   

Условни осуди за двајца обвинети од протестите пред Народната канцеларија на Претседателот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

osnoven-sud-skopje-1Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска ја објави пресудата за предметот со К.бр. 946/16 против Н.А. и Ф.Н. обвинети за кривичното дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 ст. 1 од КЗ, поврзано со протестите кои се одржаа пред Народната канцеларија на Претседателот на Р.Македонија.

Двајцата обвинети, како што самите се произнесоа во судница, доброволно, свесни за правните последици и неприсилени од никого, ја признаа вината за кривичното дело кое им се става на товар, па судот ценејќи ги олеснителните и отежителните околности за двајцата обвинети, донесе пресуда врз основа на признание на вина со што двајцата ги огласи за виновни и им изрече:

–  На обвинетиот Н.А. алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 6 месеци затвор која казна нема да се реализира доколку во следните 2 години не стори ново кривично дело,

–  На обвинетиот Ф.Н. алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 1 година затвор која казна нема да се рализира доколку во следните 3 години не стори ново кривично дело.

Воедно судот ја укина мерката куќен притвор за двајцата обвинети.

Препорачуваме

Партнери на Правдико