Услужна комора: Укинување или одложување на К-15 заради состојбата со коронавирусот | Правдико

Правдико

   

Услужна комора: Укинување или одложување на К-15 заради состојбата со коронавирусот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Услужната комора на Македонија денеска ги презентираше условите за работа во секторот транспорт во вонредни услови поради коронавирусот, како и мерките за ублажување и санирање на последиците од настанатата ситуација. Од Комората побараа нивните предлози да бидат разгледани и усвоени за ефикасно справување со негативните последици во секторот транспорт.

„Услужната комора апелира на пролонгирање на рокот за регистрација на товарните и патнички моторни возила до завршувањето на кризата, бидејќи претставува дополнително оптоварување и трошок како за компаниите, така и за сите граѓани, а со тоа и осигурителните компании да ја продолжат важноста на полисите за истиот рок. Транспортните компании и натаму ги обезбедуваат и ги запазуваат сите превентивни мерки донесени од Владата за заштита и превенција од Ковид 19. Потребно е во овие вонредни услови, да се преземат и вонредни мерки како генерално одложување на обврските за рати на кредити овие 3 месеци во целост. Откако ќе заврши кризата да се продолжи нормално враќање на ратите, а истото да се примени и за одложување на лизинг обврските“, Изјави Филип Манојловски, од Услужната комора на Македонија и додаде дека треба да се разгледа можноста, К-15 за вработените да се одложи со уредба за наредната година или да се укине обврската за годинава.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико