Усно пријавување на стока кај брзи пратки без трошоци за царинска декларација | Правдико

Правдико

   

Усно пријавување на стока кај брзи пратки без трошоци за царинска декларација

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_8Царинската управа на Република Македонија денес започнува кампања за подигање на свеста на граѓаните за можноста за поднесување усна царинска декларација, без дополнителни трошоци за шпедитерски услуги. За таа цел изработивме информативни брошури на македонски и албански јазик, а изработен е и промотивен спот – анимација каде се содржани сите потребни информации за искористување на оваа можност.

Нагласуваме дека не станува збор за новина во работењето, туку за можност која постои, но за која увидовме дека граѓаните не се доволно информирани.

Усна царинска декларација e пријавување на стоката кај царинa без поднесување на царинска декларација во писмена форма и може да ја поднесе секое правно и физичко лице. Ваква декларација може да се поднесе за мали пратки нарачани преку интернет, испратени по регуларна или брза пошта од странско на домашно физичко лице во вредност до 800 евра и тешки до 1.000 кг.

Оваа можност граѓаните можат да ја искористат на следниот начин:
Веднаш откако операторот, односно превозникот ќе го извести примачот дека е пристигната пратка на негово име и дека треба да се спроведе царинска постапка, примачот треба се изјасни дека тој самиот сака да поднесе усна царинска декларацијакај царинскиот орган.

Пред царинење, царинскиот службеник ќе утврди дали декларираната стока може да се оцарини со усна царинска декларација и доколку може ќе пристапи кон царинење на истата, врз основа на приложена фактура или сметка.

Поднесувањето на усна царинска декларација не значи ослободување од плаќање на царински и други давачки. Со поднесување на усна царинска декларација се избегнуваат шпедитерските трошоци кои ги пресметуваат т.н брзи пошти за поднесување на царинска декларација во писмена форма, но ваквите (брзи) пратки подлежат на плаќање давачки пропишани во царинската тарифа.

За стока од некомерцијална природа што ја добиваат физички лица по регуларна пошта и чијашто вредност е поголема од законски утврдената вредност за ослободување се применува единствена царинска стапка од 15% од царинската вредност. Исклучок се пратки кои содржат тутун и алкохол. За нив се применуваат давачки пропишани во царинската тарифа. Пресметката на давачките се врши во скратена постапка врз основа на приложена фактура или сметка.

ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ може да најдете на интернет страната на Царинската управа www.customs.gov.mk и во делот наменет за патници иinfo@customs.gov.mk
или на телефон 02 3 116 188.

Препорачуваме

Партнери на Правдико