Уставен суд го укина Законот за одредување на казните | Правдико

Правдико

   

Уставен суд го укина Законот за одредување на казните

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука да биде укинат Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната.

Судиите констатираа дека Законот е уставно проблематичен и затоа треба да биде укинат.

Одлуката за укинување на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната, кој беше донесен во 2014 година, ќе стапи во сила по нејзиното објавување во Службен весник.

Според експертите, овој Закон врши категоризација на кривичните дела и се губат индивидуализацијата на казната и слободното судиско убедување. Исто така, правниците велат дека законот е контрадикторен и неусогласен со темелните вредности на Уставот.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико