Уставен суд ќе мора да го разгледа Законот за лустрација
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Уставен суд нема повеќе оправдување за одлагање на расправата за законот за лустрација.
Стенограмските белешки од подготвителната расправа конечно стигнале од Владата.
Од Уставен суд за 24 Вести велат сега треба да се направи само писмената анализа и да се закаже седница.
Кога ќе биде тоа, велат не знаат, но тврдат, не би требало да се одолговлекува со месеци како досега.
Уставните судии не определија времена мерка за замрзнување на оспорените одредби од законот иако судијата известител Наташа Габер Дамјановска предложи, но судиите гласаа против.
Уставниот суд повеќе пати укина повеќе одредби од законот за лустрација, по што власта донесе нов закон со укинатите одредби во него.