Уставен суд нема да дискутира ниту за изборите ниту за СЈО на последната седница со Гошева | Правдико

Правдико

   

Уставен суд нема да дискутира ниту за изборите ниту за СЈО на последната седница со Гошева

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ustaven-sud-860x670Уставниот суд закажа седница в понеделник, но на дневен ред не е ниту Иницијативаата за утврдување на уставноста на Специјалното јавно обвинителство, ни Иницијативата на партијата Унитети за оценување на законитоста и уставноста на решението за распишување на предвремените избори.

Вообичаено, седниците на Уставен се оддржуваат в среда, но овој пат е закажана за понеделник, 31 октомври. До тогаш трае мандатот на актуелната претседателка Елена Гошева, а веќе од 1 неомври на нејзино место доаѓа новоизбраниот претседател Никола Ивановски.

На седницата закажана за в понеделник, според известувањето од Уставниот суд, објавено на интернет страницата на судот ќе се разгледуваат седум иницијативи поврзани со Правилник за спроведување на постапката за вработување, со стечајни и управни постапки, како и едно барање за заштита на права и еден предлог за одлучување.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико