Правдико

   

Уставен суд одлучи: Се исфрла обележувањето со маркер при гласање

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Уставниот суд денеска (11.02) одлучи да ги исфрли одредбите од Изборниот законик што се однесуваат на обележувањето со мастило на гласачите, и истите да ги прогласи за неуставни.

marker-izbori

Граѓаните што гласаа на последните парламентарни и претседателски избори беа обележани со маркер на палецот од десната рака, за лесно препознавање на гласачите што го оствариле правото на глас и да се избегне еден граѓанин да гласа повеќе од еднаш.

Уставниот суд денеска донесе едногласна одлука во која се отфрлаат овие одредби од Изборниот законик, односно се исфрла од употреба маркерот и целиот процес на обележување на гласачите.

– Се смета дека обележувањето на палецот, како на последните избори, не е во согласност со Уставот и дека е спротивно на член 22 став 2 од Уставот, според кој избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори и со тајно гласање – објаснуваат од службата за односи со јавност на судот.

Со одлуката на судиите се укинуваат одредбите 108 став 2, 108 став 6 и член 108а став 9.

— ПРАВДИКО —

Партнери на Правдико