Уставен суд: Отфрлена иницијативата на Законот за супервизија на осигурувањето
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Уставниот суд на вчерашната седница ја отфрли иницијативата поднесена на член 51 од Законот за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување.
Со овој член е предвидено брокерските друштва кои склучуваат осигурителни полиси со граѓаните и правните лица во определен рок од една година на осигурителните компании да им ги уплатат средствата што ги собрале. Како што појаснуваат од Судот, осигурителните компании пак претходно склучуваат договори со брокерските друштва и на база на тие договори треба да им дадат награда, затоа што брокерите им носат пари.
Според подносителот на иницијативата – Асоцијацијата на осигурително брокреските друштва при Стопанската комора на Македонија оваа законска одредба требало да определи и рок во кој осигурителните компании треба да им даде надомест/награда на брокерите за извршената работа.
Уставниот суд ја отфрли иницијативата затоа што ја цени уставноста на законите кои ја имаат регулативата во правниот поредок, но не и она што го нема, а требало да биде регулирано. Судот не може да биде во ситуација да наметнува на законодавецот да го регулира прашањето што не било регулирано.
Извор: еМагазин