Правдико

   

УСТАВНАТА ЖАЛБА како дел од уставните измени

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

(Обновено 20.01.2015) Во Република Македонија не постои институтот уставна жалба. Имено, во надлежностите на Уставниот суд на Република Македонија, меѓу другите, се утврдени и оние кои се однесуваат  на  заштитата иа слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност.

51852fdfc3392

Овој институт го имаат воведено повеќе држави. Неговата цел е да се зајакне заштитата на човековите права и слободи дефинирани во Уставот. Во понатамошниот дел од иницијативата е даден компаративен преглед на дел од државите кои ја имаат воведено уставната жалба во нивните правни системи.

Со оваа иницијатива се предлага воведување на надлежност на Уставниот суд на Република Македонија да одлучува по уставна жалба, најавена против поединечни акти или дејствија на државните органи,единиците на локалната самоуправа или носителите на јавни овластувања со кои се повредуваат основните слободи и права на човекот и граѓанинот кои се однесуваат на: еднаквоста на граѓанинот во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба, правото на живот , забраната на мачење, на нечовечко или понижувачко однесување, на казнување и на присилна работа, правото на слободата на човекот, правото на презумпција на невиност и фер судење, слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање, и слободното основање на институции за јавно информирање, слободата и неповредливоста на писмата и на сите други облици на комуникација, сигурноста и тајноста на „личните податоци, слободата на вероисповеста, слободата на здружување, правото на собирање и изразување јавен протест, почитувањето и заштитата на приватноста на личниот и семеен живот, на достоинството и угледот, неповредливоста на домот, како и правото на слободно движење, кога се исцрпени или не се предвидени други домашни редовни или вонредни правни лекови за нивна заштита.

Воедно, со закон ќе биде уредена постапката за поднесување на уставна жалба, која ќе може исклучиво да ја поднесат само физички и правни лица на кои им се повредени претходно наведените слободи и права, како и рокот за поднесување на уставната жалба.

ustavni-sudУставна тужба во Хрватска

Во Република Хрватска уставната тужба е регулирана со Уставот, Уставниот закон како и со Деловникот за работа на Уставниот суд. Имено согласно членот 125 од пречистениот текст на Уставот на Република Хрватска (од 15 јануари 2014 година) Уставниот суд на Хрватска одлучува по уставни тужби против поединечни одлуки на државните тела, телата на единиците на локалната и подрачната (регионална) самоуправа н на правните лица со јавни овластувања, кога со тие одлуки им се повредени човековите права и темелни слободи, како и правата на локална и подрачна (регионална) самоуправа загарантирани со Уставот на Хрватска.

Делот кој е поврзан со постапката по уставната тужба е уреден со Уставниот закон – пречистен текст ( 3 мај 2002 година). Во главата со 5 (членови 62 до 80) предвидена е заштитата на човековите права и темелните слободи а членот 62 став 1 предвидува дека секој може да поднесе до Уставниот суд уставна тужба ако смета дека со поединечен акт на државните тела, телата на единиците на локалната и подрачната (регионална) самоуправа и на правните лица со јавни овластувања со кои се одлучувало за неговите права и обврски, или при сомнение или обвинување за кривично дело, му е повредено човеково право и темелна слобода загарантирана со Уставот, односно уставно загарантирано право на локална и подрачна (регионална) самоуправа.

Уставната тужба може да се поднесе само доколку се исцрпени сите други домашни правни средства предвидени со закон. Доколку е допуштен управен спор, ревизија (во парнична или вонпарнична постапка), се смета дека правото средство е исцрпено откако ќе се одлучи по тие правни лекови [член 62 ст.3). Во случаите кога станува збор за повреда на правото на судење во разумен рок,уставната тужба може да се поднесе и пред исцрпување на правните средства
(член 63 ст.1).

Уставната тужба може да се поднесе во рок од 30 дена од денот на прием на одлуката. Членот 65 ја предвидува формата на уставната тужба (ст.1) како и документацијата која треба да се достави во прилог(ст.2). Уставната тужба не го одлага извршувањето на оспорениот акт.По уставната тужба одлучува совет составен од 6 судии (член 68, ст.1). Кога не постојат процесни претпоставки за одлучување по уставната тужба (недопуштена, поднесена од неовластено лице и сл.) по таквата тужба одлучува совет составен од З судии. Советот може да одлучува само едногласно и во полн состав.

Доколку не се постигне едногласност или доколку советот смета дека уставната тужба има пошироко значење, по уставната тужба ќе се одлучува на седница на Уставниот суд. Советот одлучува само по оние наводи за повреда на некое уставно право кои се наведени во тужбата. Уставниот суд со решение ќе ја отфрли уставната тужба доколу не е надлежен да постапува, ако уставната тужба е ненавремена, нецелосна, неразбирлива или недопуштена. Уставниот суд одлучува по уставната тужба со одлука, со која уставната тужба може да се усвои или одбие како неоснована.

Доколку се утврди дека уставното право на Подносителот на уставната тужба е повредено не само со оспорениот акт, туку и со некој друг акт донесен по тој предмет, Уставниот суд со одлука ќе го укине, целосно или делумно и тој акт. Одлуката, односно решението го потпишува претседателот на советот (доколку по уставната тужба одлучувал совет) или претседателот на Уставниот суд (доколку по уставната тужба се одлучувало на седница на Уставниот суд), како и судијата известител и советник. Со одлуката со која се усвојува уставната тужба. Уставниот суд ќе го укине оспорениот акт и предметот ќе го врати на повторно одлучување. При донесувањето на нов акт. органот надлежен за донесување на таквиот акт е должен да го почитува правното мислење на Уставниот суд наведено во одлуката со која се укинал актот.

8B72E7AE-E7A0-494E-8D82-D5234F6BC2D6_w640_r1_s_cx0_cy6_cw0Уставна тужба Босна и Херцеговина

Уставната тужба во Босна и Херцеговина е предвидена со членот ВИ точка 3, под б) од Уставот на Босна и Херцеговина. Постапката по уставната тужба е уредена со Правилата на Уставниот суд, кои согласно овластувањата според Уставот, ги носи самиот Уставен суд- Согласно членот 6 точка 3 б, од Уставот на БиХ. Уставниот суд има апелациона надлежност по прашањата содржани во Уставот, кога тие се предмет на спор поради пресуда на било кој суд во БиХ. Овој институт пред Уставниот суд, претставува последна инстанца на заштита на човековите права и темелни слободи во БиХ.

Уставната тужба (апелацијата) согласно Правилата на Уставниот суд на Бих (донесени на пленарна седница одржана на 23 јануари и 12 февруари 2013 година), може да се поднесе само доколку се исцрпени сите ефикасни правни средства предвидени со закон, и доколку е поднесена во рок од 60 дена од приемот на одлуката на последниот ефикасен правен лек кој што го искористил. Уставниот суд може да ја разгледува апелацијата и тогаш кога нема одлука од надлежниот суд, доколку апелацијата укажува на сериозни кршења на правата и основните слободи заштитени со Уставот или меѓународните документи кои се применуваат во БиХ.

Апелацијата се поднесува на посебен образец кој е достапен во Уставниот суд или на веб страната на Уставниот суд и треба да ги содржи: Одлуката на судот која се оспорува, одредби од Уставот или меѓународните документи кои се применуваат во БиХ, кои апелантот смета дека му се повредени, наводи и докази на кои се заснова апелацијата, доколку нема одлука,  причини поради кои се поднесува апелацијата, потпис на Подносителот и полномошно (доколку Подносителот има застапник). При одлучувањето, Уставниот суд ги има во предвид само оние наводи за повреда кои се наведени во апелацијата.

По апелацијата Уставниот суд одлучува на пленарна седница со мнозинство на гласови од сите судии на Уставниот суд . како и во Голем совет со мнозинство гласови од сите судии (а најмалку 5 судии). Со одлуката со која се усвојува уставната “тужба, Уставниот суд ќе го укине оспорениот акт и предметот ќе го врати на повторно одлучување, освен во случаите кога последиците од кршењето на уставното право можат да се решат на друг начин. При донесувањето на нов акт, органот надлежен за донесување на таквиот акт е должен да го почитува правното мислење на Уставниот суд наведено во одлуката со која се укинал актот. Во определени случаи Уставниот суд може да одлучи и мериторно.

Одлуките на Уставниот суд се конечни и обврзувачки. Европскиот суд за човекови права заклучил дека поднесувањето на апелацијата пред Уставниот суд е ефикасно правно средство кое мора да се исцрпи пред да се поднесе апликација до него.

USTAVNO SODISSCCEУставна тужба во Словенија

Институтот ..уставна тужба или жалба,, во Словенија е воведен уште со Уставот од 1991 година. Сепак, овој правен лек станува оперативен дури по донесувањето на Законот за Уставниот суд во 1994 година. пристапот од уставната тужба во Словенија е прилично широк – покрај правата и слободите загрантирани со Уставот, повод за поднесување на уставна тужба може да претставува секое друго  право загарантирано со ратификуван меѓународен договор. Поднесувањето на уставната жалба не подлежи на судски или било какви други такси. Не постои обврска за ангажирање на правен застапник. Уставна тужба може да поднесе секое физичко и правно лице против поединечен правен акт со кое се одлучувало негови права или обврски. Рокот за поднесување на уставна тужба пред Уставниот суд на Словенија изнесува 60 дена од донесувањето на поединечниот акт, односно припуштањето или спорното старување.

Уставната тужба може да се поднесе по искористување на сите можни правни лекови, а по исклучок и пред искористувањето  на ваквите средства, на пример, кога повредата е очигледна. Во рамките на Уставниот суд функционираат граѓански, кривичен и управен совет. Овие совети, составени од тројца судии. во принцип одлучуваат за допуштеноста на секоја уставна тужба. Како правило за допуштеноста советите одлучуваат едногласно. Притоа овие совети може да ја прогласат поднесената уставна тужба за недопуштена или за очигледно неоснована. Доколку пак истата го помине прагот на допуштеност, за основаноста одлучува пленарната сеница на Уставниот суд, освен со случаи кога станува збор за уставно прашање за кое Уставниот суд веќе претходно одлучувал.

Во овие случи (Одлуката по уставната тужба може да ја донесе и советот на Уставниот суд. Усните расправи во постапката по уставна тужба иако се можни, во принцип, пред Уставниот суд во Словенија се случуваат ретко. Анализите укажуваат дека судовите на пр. Врховниот суд кој во редовна судска постапка постапувал по конкретен предмет во врска со кој е поднесена уставна тужба ретко се произнесуваат во одговор на истите.

Доколку Уставниот суд констатира повреда на уставно загрантираните права со поединечен акт, Уставниот суд ја укинува спорната одлука и предметот го враќа на повторно постапување на надлежниот орган на пр. Врховниот суд, или орган на управа во зависност од тоа кој ја сторил повредата. Притоа доколку во постапката по уставна тужба, Уставниот суд дојде до заклучок дека поединечниот акт во врска со кој била поднесена уставната тужба е заснован на Неуставен закон или подзаконски акт, во постапка која се одвива на маргините на постапката по уставната тужба може да го укине таквиот акт – при што ваквата одлука има erga omnes ефект.

Особено е интересно овластувањето кое произлегува од членот 60 од Законот за Уставниот суд, според кое истиот има право да донесе одлука со која ке се замени спорната одлука која претставува предмет на уставната тужба. Ова преставува особено силен инструмент во рацете на Уставниот суд во ситуации кога се очекува надлежниот орган да манифестира отпор во донесувањето на одлука  која би била во линија со онаа на Уставниот суд по повод конкретната
уставна тужба. Ваква надлежност на пример нема Уставниот суд во Хрватска, а Уставниот суд на пример во БиХ ја воведе преку Деловникот на Уставниот суд. Сепак важно е да се истакне дека станува збор за овластување и надлежност кое Уставниот суд во Словенија извонредно ретко го употребува (само неколку пати и тоа во исти случаи кои се однесуваат на воени пензии).

ustavni-sud-srbije_660x330Уставна тужба во Србија

Во Србија уставната жалба егзистира како посебно правно средство кое може да со покрене против поединечни акти илидејствија на државните органи или организации кои вршат јавни овластувања, со кое е повредено човеково или малцинско право или слобода кои се загарантирани со Уставот на државата, доколку се исцрпени сите правни средства или не се предвидени други правни средства за нивна заштита или пак со закон е исклучена нивната судска заштита. Уставна жалба пред Уставниот суд во Србија може да поднесе секое правно или физичко лице во рок од 30 дена од доставата на поединечниот правен акт донесен во последна инстанца, односно од започнувањето на дејствието или неговиот престанок, кога предмет на уставната жалба се дејствија, при што рокот се засметува од денот на сознанието кое Подносителот го стекнал за започнувањето односно престанокот на спорното дејствие.

Уставниот суд на Србија не може да одлучи наместо органот чиј акт или дејствие е предмет на уставната жалба. Тој единствено одлучува за тоа дали во конкретниот случај постои повреда на човековите или на малцинските права и слободи. Уставниот суд кога констатира повреда на правата односно слободите загрантирани со Уставот, одлучува и во однос на начинот на правичното обесштетување. По исклучок. само во случаи кога Уставниот суд  констатира повреда на уставно загарантирано право односно слобода, при што не може на друг начин да се отстранат штетните последици од таквата повреда, тој може да укине поништи поединечен правен акт, со што предметот се враќа на повторно  постапување.

Притоа Уставниот суд може да забрани определено сторување или да нареди определено сторување, како и да определи рок во кој треба да се отстранат штетните последици од настанатата повреда. Кога уставниот суд со одлука ја усвојува поднесената  уставна жалба одлучува дали истата може да претставува основ за надомест на штета.

Кога Уставниот суд ќе констатира повреда и како последица ќе поништи определен поединечен правен акт, тогаш последиците кои настануваат од поништувањето на истиот, доколку тој се однесува на повеќе лица, а само ненкои од не поднеле уставна жалба, одлуката на Уставниот суд односно нејзиното дејствие се проширува и таа има правна важност и во однос на овие лица, под претпоставка дека се наоѓаат во иста правна ситуација.

По правило, уставната жалба не го задржува извршувањето на поединечните акти во однос на кои е поднесена. Сепак Уставниот суд има надлежниот под одредени услови да го одложи извршувањето на спорниот поединечен правен акт. Одлуката на Уставниот суд со која е усвоен уставна жалба претставува основа за поднесување на барање за надомест на штета. Ваквото барање се поднесува до Комисијата за надомест на штета, за цел постигнување на спогодба во однос на висината на надоместокот. Доколку Комисијата не го усвои барањето или доколку во рок од 30 дена од поднесувањето на барањето, Комисијата не донесе одлука, подносителот на уставната жалба може да поднесе барање за надомест на штета пред надлежниот суд.

Поддршката за овој амандман беше дадена од поголем број учесници во дебатите. Воведувањето на уставната жалба претставува особено крупна реформа во заштитата на човековите права. Предвидувањето на овој институт за сеопфатна заштита на уставните права како и определеноста да се решаваат прашањата за заштита на човековите права на национално ниво беше поддржано и од Венецијанската комисија, која нагласува дека кога одредена држава пристапува кон воведување на уставната жалба, тоа треба да биде направено на начин кој нема прекумерно да ја пролонгира постапката за заштита на човековите права.

Затоа, судот треба да има капацитет и ресурси за ефективно справување со дополнителниот наплив на предмети. Најзначајното прашање во врска со амандманот со кој се предлага воведувањето на уставната жалба е поврзано со капацитетите и ресурсите на Уставниот суд. Во образложението се укажува на целта на амандманот, зајакнување на заштитата на човековите права и слободи дефинирани во  Уставот, со што обемот на предметите за заштита на слободите и правата значително ќе се зголеми и наместо досегашното постапување на Судот по пет
загарантирани права со Уставот, со Амандманот се предвидува Судот да постапува по 12 дополнителни права.

Образложението не обезбедува проценка на капацитетите на судот за справување со проширената надлежност, која е невозможна без да се оцени приближниот број на предмети со кој овој Суд ќе треба да се справува. Сосема е очекувано бројот на предмети на Судот драстично да се зголеми ако се има предвид веројатноста дека Европскиот суд за човекови права во Стразбур ќе упатува на претходно исцрпување на овој правен лек пред да се достави апликација против Република Македонија. Треба да се процени дали претходно треба да бидат исцрпени сите
правни лекови (и редовните и вонредните) пред постапката пред Уставниот суд, дали на тој начин „…нема уште повеќе да се одложи правдата или одисејата во потрагата по правдата…“

Образложенијата за потребата од употребата на терминот „тужба“ односно „жалба“ беа дадени во следната насока: Жалбата претставува
инстанционен правен лек и од така поставената формулација на уставната измена, имплицира заклучок дека Уставниот суд се става на иста линија со редовните судови. „…Наместо уставна жалба би требало да стои името уставна тужба (actiopopularis) бидејќи е далеку посоодветно, затоа што станува збор за правно средство кое се користи во случаите на веќе „пресудена работа“ (resiudicata) со кој не се иницира второстепена/жалбена постапка, туку сосема нова постапка по правосилното завршување на предметот и по искористувањето на сите, редовни и вонредни, правни лекови. Во поглед на проширената листа на наведени права кои ќе подлежат на оваа уставно-судска заштита, на мислење сме дека е поусмесно – наместо набројување на правата, да се стави општата формулација „правата заштитени со Европската конвенција за човекови права“.

Во скоро време би требало да се размисли и за носење на Закон за Уставниот суд на РМ во кој би се дефинирало правното дејство на ваквата одлука на Уставниот суд in concreto (дали таа би имала само касаторно или пак и мериторно дејство); како и јасно да се стави
дека оваа постапка пред Уставниот суд е целосно бесплатна и ослободена од било какви судски и административни такси и плаќања. И конечно, можеби треба да се размисли за воведување на правичноста (bonum et aequi) како легитимен правен извор при пресудувањето од страна на уставните судии.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико