Уставни измени: Дефинирање на бракот како заедница помеѓу маж и жена | Правдико

Правдико

   

Уставни измени: Дефинирање на бракот како заедница помеѓу маж и жена

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата бара уставни измени, бракот да биде заедница на маж и жена. Со Устав да се дефинира бракот како заедница на маж и жена. Оваа е една од предложените измени на Уставот, за кои премиерот Никола Груевски потенцира дека се во насока на допрецизирање, подобрување на квалитетот, зголемување на независноста и целисходно функционирање на системот.

30-pozitivni-fakti-za-brakot-01

За да поминат уставните измени, потребно е да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието. Прв пат иницијатива за промена на Уставот во делот на дефинирањето на бракот поведоа верските заедници пред повеќе од три години. 

Идејата беше промовирана кон крајот на декември 2010 година на традиционалниот заеднички новогодишен состанок на поглаварите на МПЦ – Охридска архиепископија, ИВЗ и други религиозни групи со што во заедничко соопштение објавија дека бараат поддршка од политичките фактори во државата бракот да биде дефиниран како заедница на маж и жена во Уставот, а посвојувањето деца да можат да го прават само лица што се во таков законски брак или самохрани родители.

Причината за тоа е што, според нив, бракот бил соочен со предизвиците на негово редефинирање, што било спротивно на Божјите и на природните закони.

– Традиционалното и правилното гледање на бракот не треба никого да плаши. Бракот станува актуелно прашање, па затоа сметавме дека треба да го кажеме своето гледиште. Не се плашиме од евентуални реакции, затоа што државата си има свој устав, а црквите и верските заедници свое учење – изјави тогаш г.г. Стефан, поглаварот на МПЦ-ОА. Ваквиот предлог остана затечен од политичките услови . Само што влезе иницијативата во Собранието, од институцијата, поради затворањето на телевизија А1, излезе целата опозиција, што подоцна ги предизвика вонредните избори во 2011 година. Вториот обид за уставно дефинирање на хетеросексуалниот брак имаше пред околу една година. Тогаш иницијативата ја поведе владејачката ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека ваквиот предлог имаше широка поддршка кај граѓаните и тоа независно на партиската, етничката и религиозната припадност.

Влатко Ѓорчев кажа дека со дефинирањето, бракот ќе се заштити како институција бидејќи во државите каде што бракот не е уставно дефиниран, лесно во период од 10 до 15 години, со шема преку измени на законот за семејство, не само што ќе се бара да се легализира хомосексуалното партнерство, туку ќе се оди чекор понатаму и на посвојување на деца од геј-двојки. Но, иако речиси сите партии се согласуваат дека бракот треба да е дефиниран како заедница само на маж и жена, сепак тие не гласаа за предлогот од политички причини – СДСМ сметаше дека доволно е тоа што бракот е така дефиниран со Законот за семејството, а албанските партии го условија прифаќањето на предлогот со свои барања за уставни измени за албанскиот како втор службен јазик. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ не ја помина првата фаза од уставните измени.

Македонската стручна јавност овој потег на Владата го оценува чисто како политичка одлука, но велат дека секоја интервенција во Уставот праќа и сериозна порака, па и кога станува збор за бракот и семејството.

– Што ќе произлезе од сето тоа ќе видиме. Сека бракот е регулиран со одредба со Законот за семејството, каде изрично стои дека тоа е заедница од еден маж и една жена. Станува збор за политичка одлука, која има цел да ги зацврсти традиционалниот брак и брачната заедница. Досега во неколку земји од Европа, како Германија, Франција, Шпанија може да се легализираат истополивите заедници, но наспроти тоа еден друг дел од Европа с` уште силно стои зад бракот меѓу маж и жена – вели Дејан Мицковиќ, професор по семејно право.

Десетина земји со дефиниција на бракот

Албанија – бракот е дефиниран како задница на маж и жена со Семејниот законик. Од 2009 година наваму стои владин предлог за измени на Семејниот законик за признавање геј-партнерство, но за него никако не се обезбедува потребно мнозинство

Полска – Устав: „Бракот, како заедница на маж и жена, како и семејството, мајчинството и родителството, е под посебна заштита и грижа на Република Полска.

Литванија – Устав: „Бракот треба да биде заснован на слободната волја на мажот и жената“.

Бугарија – истополовиот брак е противзаконски. Устав: „Бракот е слободна заедница на маж и жена, а само граѓанскиот брак ќе се смета за законски“. Нема никаква законска можност за легален статус на хомосексуални двојки.

Белорусија – Устав: „По достигнување одредена старост, жената и мажот имаат право да влезат во брак врз основа на слободна волја и да основаат семејство. Сопругот и сопругата се еднакви во семејните односи“.

Црна Гора – Устав: „Во брак може да се стапи само врз основа на слободната волја на жената и мажот. Бракот се заснова на еднаквост меѓу сопружниците“. Србија – Устав: „Секој има право слободно да одлучи за стапување или истапување од брак. Бракот се заснова на слободната волја на мажот и жената пред соодветна државна институција“.

Украина – Устав: „Бракот треба да биде заснован на слободната волја на мажот и жената. Секој од сопружниците има еднакви права и обврски во бракот и во семејството“.

Kипар – закон: „Бракот е заедница на еден маж и една жена“.

Чешка Република – законски бракот е дефиниран како заедница нa маж и жена. Во Чешка за истополовите партнерства неодамна се признаа само некои права, но изрично е забрането такви двојки да посвојуваат деца.

Грција – Во законот за граѓански брак не стои дефиниција за бракот како заедница на маж и жена, но тој главно се толкува традиционално. Од лани има предлог за регулирање на цивилните партнерства, но во него изрично не е наведено признавање на хомосексуалните партнерства.

Естонија – со закон дефиниран традиционалниот брак, истополовиот брак е противзаконски.

Унгарија – со Устав во 2012 година се забранија хомосексуалните. Претходно, во 2009 година со посебен закон на истополовите партнери им се дадени права што ги имаат и брачните другари, сепак посвојувањето деца од геј-парови е забрането.

Латвија – во Устав од 2012: „Бракот е заедница на еден маж и една жена“, откако претходно беше дефиниран само со закон и постоеја обиди за легализација на геј-партнерство.

Романија – нема законско признавање на хомосексуалните парови.

Словачка – нема законско признавање на хомосексуалните парови.

Словенија – бракот е дефиниран со закон, при што владата по влезот во ЕУ се обиде да направи измени на Законот за семејството, дозволувајќи брак меѓу хомосексуалци и право да посвојуваат деца. Сепак, пред еден месец се донесе само посебен закон со кои на геј-двојките им се признаваат некои права.
Новите членки на Унијата го штитат традиционалниот брак

Новите членки на Европската Унија од последната декада при влезот во Унијата исто така се соочија со предизвиците да го дефинираат бракот како заедница на маж и жена или да ги прифатат барања за легализација на хомосексуалните бракови.

Сепак, ретко кој од нив го прифати трендот од западноевропските држави за легални геј-заедници и често мораа да интервенираат во Уставот и законите за да го задржат традиционалниот брак. Така 10 од 13 нови членки на ЕУ, главно од југоисточна Европа, од 2004 година наваму изречно ги забрануваат или не ги признаваат хомосексуалните бракови.

Последна со ваквиот предизвик се соочи Хрватска, која уставно го немаше дефинирано бракот како заедница на маж и жена, туку традиционалниот брак беше дефиниран само со закон. Лани, веднаш по влезот во Унијата, централнолевичарската влада поднесе предлог-закон за истополово животно партнерство.

По силното противење од римокатоличката црква и голем број граѓани. Владата беше принудена да организира референдум на 1 декември на кој граѓаните се изјаснија за бракот како заедница исклучиво на маж и жена.

Извор: Дневник

Партнери на Правдико