Уставниот одлучи скандалозно за 24 декември | Правдико

Правдико

   

ЗНМ:Уставниот суд одлучи скандалозно за 24 декември

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Oдлуката на Уставниот суд дека насилното бракње на новинарите од собраниската галерија на 24 декеммври 2012 година, со која не утврди прекршување на правото на слобода на изразување, е скандалозна, апсурдна и крајно опасна за демократскиот развој на земјата.

znm1

Скандалозно е што Уставниот суд  не утврди очигледна повреда на членот 16 од Уставот, кој забранува цензура и гарантрира слобода на изразување и слободен на пристап до индформациите од јавен карактер.

Апсурно е уставните судии да тврдат дека новинарите биле спречени да известуваат за седницата за буџетот заради нивната безбедност. Новинаите не беа дел од инцидентот, не се чуствуваа загрозени, ниту бараа од некого заштита. Какава е таа безбедносна проценка дека новинарите се позагрозени  од пратнеците на власта и членовите на влада кои останаа во пленарната сала каде се случуваше инцидентот?.

За нас е нејасно зошто Уставниот суд не организираше јавна расправа кога ја разгледа нашата инциијатива, во која ќе беа  повикани сите засегнати страни , претседателот на собранието , шефот на собраниското обебедување, пратеници и новинари. Да имаше ваква јавна расправа судиите ќе беа запознени со сите околности од инцидентот и немаше да напишат во образлошените на  одлуката дека од пленарна сала некој фрлал со тврди предмети во правец на галеријата каде што беа новинарите. Најодговорно тврдиме дека додека новинарите беа во галеријата никој не фрлаше кон нив со тврди предмети.

Уставниот суд со одлуката за 24 декември испрати крајно опасна порака до сите новинари и граѓаните на Македонија дека членот 16 од Уставот е само декларативно право. Најповиканата институција која треба да ги заштити правата и слободите на граѓаните не е во состојба да утврди повреда и со тоа го гарантира ова право. Со тоа Уставните суд се стави во одбрана на една очигледна злоупотреба на законодавната и извршната власт, и ги охрабри институциите во иднина уште подрастично да го ограничуваат правото на слобода на изразување и слобода на медиуми. Ваквото однесување на Уставниот суд уште повеќе ќе го влоши и така лошиот имиџ на Македонија во свеотот како земја со делумна слобода на изразување.

ЗНМ и засегнатите новинари ќе побараат правда во  Европскиот суд за човекови права во Стразбург . Веруваме дека Судот за случајот од 24 декември со новинарите ќе утврди повреда на правото на слобода на изразување и информирање затоа што бркањето на новинарите не е направено согласно закон, кој бара двотретинско мнозиство за затварање на собарнсиките седници, туку е направено врз основа на безбедносна проценка на собраниското обезбедување. Одлуката не заштитува легитимна цел затоа што во овој случај немаше повисока цел од слободата на изразувањето и правото на јавноста да знае и интервенцијата на државата не беше неопходна во демократско општество.

Овие се појдовни принципи од кој се раководи Судот во Стразбур кога одлучува за предмети поврзани со повреда на членот 10 на Европската конвенција за човекови права.

Извор: ЗНМ

Препорачуваме

Партнери на Правдико