Уставниот суд ја отфрли иницијативата за поведување постапка за ДУП-от кај „Даре Џамбаз“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Уставниот суд ја потврди законитоста при носењето на ДУП-от Градска четврт И 04 – „Даре Џамбаз“ во општина Центар и донесено е решение со кое се одредува дека нема да се поведе постапка, изјави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.
Со ова се отфрлува иницијативата поднесена од „ССИ Инвестмент“ ДООЕЛ Скопје.
„Би сакал да ја информирам јавноста дека подносителот на иницијативата го поднел известувањето за јавна анкета надвор од предвидените законски рамки, додека Општина Центар во меѓувреме ја има завршено постапката согласно законот пред надлежните органи од Министерството за транспорт и врски и Град Скопје за добивање позитивно мислење за ДУП-от Градска четврт И 04 – ‘Даре Џамбаз’“ – изјави градоначалникот Богдановиќ.
Од Општината наведуваат дека со донесување на Деталните урбанистички планови, донесени во 2012 година не се почитувани стандардите и нормативите за урбанистичко планирање и на тој начин е оштетен јавниот интерес, како главен постулат на кои се засновани Деталните урбанистички планови во општина Центар. На места каде не треба да постојат 8 ката, била предвидена надградба со која се дозволувала градба на повеќе од 8 ката.
„Би сакал да потенцирам дека и ние како Општина Центар при носење на Деталните урбанистички планови се придржуваме на стандардите и нормативите со кои се обезбедува зголемување на степенот на хуманоста на живеењето, подобрување на условите преку плански одредби кои воведуваат повисоки стандарди во однос на постојната состојба или во однос на претходниот урбанистички план, хармонизација и хуманизација на просторот со плански одредби кои ќе ја штитат и стимулираат приватната сопственост, но на начин кој нема да го повреди јавниот интерес“ – додаде Богдановиќ.
Извор: Макфакс