Правдико

   

Уставниот суд ја прифати иницијативата за помилување изборни нерегуларности

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
slucaj_justicijaСо 5 гласа „за“ и 4 „против“, Уставниот суд ја прифати иницијативата претседателот да помилува лица осудени за изборни нерегуларности. Судот денеска расправаше по иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Законот за помилување известува новинската агенција МЕТА.
Мислењето на судиите околу овој закон беше поделено, односно некои сметаа дека не треба да се поведе иницијатива, додека други, пак, сметаа дека е неопходно.

Дел од судиите на почетокот на судењето побараа оваа точка да биде одложена за наредната седница, но барањето не им беше прифатено.

Уставниот суд го сочинуваат девет судии, а одлуките се носат со мнозинство гласови од вкупниот број на судии.

Предложените измени доаѓаат во време кога Специјалното јавно обвинителство покрена истражна постапка за осум лица осомничени за изборни нерегуларности, меѓу кои поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, генералниот секретар Кирил Божиновски и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко.

Судијата известител, Никола Ивановски, ја образложи иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Законот за помилување и рече дека со овој акт се прави мешање на надлежностите на законодавната и извршната власт, односно дека Собранието му се меша во надлежностите на претседателот на државата.

Освен мешањето на извршната и законодавната власт, во иницијативата се бара целосно укинување на Законот затоа што ги става граѓаните во нееднаква положба, некои да можат, а некои да не можат да добијат помилување, што е спротивно со правото кое им е загарантирано со Уставот.

Судиите Гзиме Старова и Наташа Габер Дамјановска имаа став дека рефератот на судијата известител е лошо изработен и сметаат дека поднесената иницијатива за уникување на законот треба да се отфрли.

За овој закон мислење дадоа и Владата и Собранието и тоа негативно, односно сметаат дека таа е паушална и дека не треба да се поведе постапка.

Судијката Старова смета дека симптоматично е тоа што иницијативата за укинување на законот е поднесена на 5 февруари, на 8 февруари е веќе распоредена, на 10 и 12 февруари Владата и Собранието го дале својот став, а на 24 февруари е ставена како точка на дневен ред на седница на судот. Таа му се обрати на судијата известител и му рече дека оваа иницијатива е експресно ставена на дневен ред, додека постари иницијативи се уште чекаат.

Некои од судиите сметаат дека со укинувањето на овој закон му се овозможува на претседателот право да одлучува за помилувањето, но ќе му се укинат органите преку кои може да го прави тоа, односно Комсиијата за помилување.

Габер-Дамјановска смета дека иницијативата нема правна суштина и дека е неосновано мислењето на дел од судиите со кое се изедначува овој закон со закони за кои судот претходно се изјаснил позитивно.

Извор: META.mk

Партнери на Правдико