Уставниот суд ќе решава за капењето на притворениците: Зошто мажите еднаш неделно, а жените два пати?
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница ќе ја разгледува иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Член 19 став 3 од Правилникот за куќниот ред за извршување на мерката притвор во притворските одделенија на затворите во делот: „од машки пол се врши еднаш неделно, додека за притворени лица од женски пол капењето“.
Инаку, во членот19 од правилникот се вели дека: „Притворените лица ја одржуваат хигиената на телото и облеката, а управата на затворот им ги обезбедува потребните услови. Бричењето на притворените лица се врши секој работен ден, а потстрижувањето најмалку еднаш месечно.
Капењето на притворени лица од машки пол се врши најмалку еднаш неделно, додека за притворени лица од женски пол капењето се врши најмалку два пати неделно“.
Извор: еМагазин