Уставниот суд на Романија одобри референдум за дефинирање на бракот | Правдико

Правдико

   

Уставниот суд на Романија одобри референдум за дефинирање на бракот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Највисокиот суд во Романија одобри денеска референдум што би можел да го промени уставот со цел експлицитно да биде наведено дека бракот е заедница помеѓу маж и жена.

Уставниот суд во земјата со седум гласови „за“ и два „против“ одлучи дека нема правни пречкиза референдумот што ќе се случува на 7 октомври.

Сенаторите одобрија референдум минатата недела бидејќи три милиони Романци потпишаа петиција во која бараат уставен амандман за промена на дефиницијата за бракот, којшто сега е одреден како заедница на сопружниците.

Одредени пратеници од конзервативната источноевропска држава тврдат дека уставот треба да се промени на верска основа.

Групата што се залага за рамноправност на истополовите бракови го критикуваа предлогот за референдум, за чијшто успех неопходно е да излезат 30 проценти од граѓаните.

Романија не ги признава истополовите бракови, а на истополовите парови не им нуди правна заштита.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико