Уставниот суд не поведе постапка за одлуката за распуштањето на Собранието | Правдико

Правдико

   

Уставниот суд не поведе постапка за одлуката за распуштањето на Собранието

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Уставниот суд нема да поведе постапка за уставноста на одлуката за распуштањето на Собранието.

„Уставниот суд на Република Северна Македонија, денес, на продолжението на десеттата седница, со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија (‘Службен весник на Република Северна Македонија’ бр.43/2020)“, информираат од Уставниот суд.

Иницијативата беше поднесена од Светскиот македонски конгрес.

По одржувањето на седницата, судиите на Уставниот суд, денеска одржаа работен состанок, на кој ја утврдија динамиката на разгледување и одлучување по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на оспорените уредби со законска сила донесени од Владата, но и по однос на предметите за оценување други уредби со законска сила за кои судот одлучи да поведе постапка по службена должност.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико