Правдико

   

Уставниот суд одлучува дали ќе има помилување за изборни измами

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Уставниот суд на Македонија на седницата која почна денеска точно во 9 часот решава дали на претседателот на државата ќе му го врати правото да помилува лица осудени за изборни измами или, пак, ќе остане на сила актуелното решение, со кое тоа му е оневозможено, според измените на Законот за помилување од 2009 година.

12064390_10207316197696405_81652975_n-860x680

Поради оваа иницијатива во текот на вчерашниот ден на улиците на главниот град се одржаа два протести. Едниот, организиран од граѓанската платформа „Ајде“, под мотото „Да го одбраниме Уставот од Уставниот суд“, беше поддржан од опозицијата. Илјадници граѓани побараа да не се менува Законот за помилување, како и оставка од петмина уставни судии, кои, според демонстрантите, работат и одлучуваат по диктат на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Другиот протест беше организиран од власта, преку партијата ГРОМ на Стевчо Јакимовски. Организаторите на овој протест, кои поставија шатори пред Уставниот суд, велат дека се таму за да го одбранат Уставниот суд и уставниот поредок.

Стотици граѓани од утринава повторно се собираат пред Уставниот суд, како што велат, за да го заштитат уставниот поредок. Разговаравме со неколку од нив и прашавме до кога ќе останат, но никој не сакаше да ни даде конкретен одговор. Дел од граѓаните што се пред судот, тука дошле од рано утринава, а некои тука ја поминале ноќта.

Десетина новинари и сниматели, пак, застанати пред зградата на Уставниот суд, чекаат писмена одлука од судот со образложение зошто денешната седница е затворена. Новинарите претходно се обидоа да влезат и да ја проследат седницата како и секоја друга, но не беа пуштени да влезат во судот.

Пред зградата на Уставниот суд ноќта ја поминаа десетина приврзаници од собирот на ГРОМ, додека демонстрантите предводени од платформата „Ајде“ поради безбедносни причини решија да го напуштат платото пред Македонскиот народен театар, каде го одржаа протестот.

Извор: Мета

Партнери на Правдико