Уставниот суд поведе постапка за одредба од Законот за нотаријат | Правдико

Правдико

   

Уставниот суд поведе постапка за одредба од Законот за нотаријат

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Уставниот суд поведе постапка за одредба од Законот за нотаријат со која е предвидено доколку нотарот не го положи стручниот испит за проверка на знаењето во предвидените рокови, односно на секои седум години, е должен во рок од 30 дена од одржувањето на стручниот испит да плати казна од 3.000 евра во денарска противвредност. Овие средства, како што е предвидено со законот ќе се уплатат на наменската сметка на Нотарската академија при комората и ќе се користат само за стручно оспособување на нотарите во рамките на комората.

По плаќањето на казната, како што е предвидено со законот, нотарот се стекнува со право повторно да го полага стручниот испит за проверка на знаењето во рок од шест месеци по претходното полагање на стручниот испит за проверка на знаењето, а доколку нотарот не ја плати казната или повторно не го положи стручниот испит за проверка на знаењето ќе биде поведена постапка за негово разрешување како нотар.

Оваа законска одредба е проблематизирана од судот, бидејќи плаќањето на казната не е во согласност со владеењето на правото, а неполагањето на стручниот испит не смее да биде основа за губење на звањето нотар.

П.Р.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико