Уставниот суд в среда ќе ја разгледува уставноста на помилувањата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Одлуките за помилување, односно ослободување од гонење, кои претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ги донесе на 12 април оваа година, ќе бидат оценувани од страна на Уставниот суд на седницата закажана за оваа среда.
Иницијативата за оценување на уставноста беше поднесена веднаш по нивното објавување. По силниот домашен и меѓународен притисок, на 27 мај претседателот Иванов ги повлече аболициите само за политичарите, а подоцна, на 6 јуни, беа повлечени сите аболиции.
Во периодот додека беа на сила помилувањата, беа прекинати сите предистражни и истражни постапки што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, а кои се однесуваа на лица опфатени со помилувањето.
Извор: Нова Македонија