Уставните измени под лупа на Брисел, оценката ќе биде дел од извештајот за напредокот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Уставните промени ќе бидат запишани во годинешниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, а дали ќе влезат во позитивните или негативните оценки ќе зависи од тоа дали тие ќе бидат според европските стандарди, вели Александар Иваноски од Институтот за европски политики.
Пред неколку дена портпаролот на Европската комисија Петар Стано во изјава за 24 Вести истакна дека предложените уставни промени детално ќе бидат разгледувани.
Портпаролот на Филе дополни и дека во услови на уставни промени кои се однесуваат на широк спектар прашања потребен е широк политички и општествен консензус во ситуација наспроти одлуката на Владата да ги турка промените на највисокиот законодавен акт кога опозицијата е надвор од парламентот.
Иваноски вели и дека предлогот за формирање финансиски зони особено ќе биде ставено под лупа, бидејќи како што истакна, ова прашање е детално регулирано во Европската унија.
Според него, Брисел ќе бара објаснување зошто се формираат вакви зони, дали со тоа се сакаат да се привлечат финансиски корпорации или пак да се формираат оф-шор зони, кои се во директна спротивност со законодавството во Европската унија.
Извор: 24Вести