Уставните измени попладнево на вонредна владина седница | Правдико

Правдико

   

Уставните измени попладнево на вонредна владина седница

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата, попладнево, на вонредна седница, ќе го разгледува предлогот за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија. Според информации од Владата, се работи за 4 амандмани.

Единствената точка на дневниот ред ќе гласи: „Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија“.

По ова, доколку го минат владиниот филтер, амандманите се испраќаат до законодавниот дом на натамошна процедура. Уште на комисиската расправа, која деловнички трае десет дена, ќе биде јасно дали СДСМ успеа да ги обезбеди неопходните 80 пратенички гласа.

Според извори од пратеничките групи, ова мнозинство сè уште не е осигурано, но продолжуваат преговорите со опозициските пратеници.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико