Уставните судии нема да ја преиспитуваат одлуката за распуштање на Собранието | Правдико

Правдико

   

Уставните судии нема да ја преиспитуваат одлуката за распуштање на Собранието

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Уставните судии решија да не ја преиспитуваат уставнота и законитоста на одлуката за распуштањето на Собранието.

На денешната седница, тие велат дека донеле заклучок оти за ова прашање е веќе дискутирано минатиот месец, кога, пак, констатираа дека од формален аспект, Уставот не бил прекршен.

„По дискусијата од страна на сите судии, судиите едногласно зазедоа став дека не постојат услови за прифаќање на иницијативата. Ова е од причина што во случајот станува збор за пресудена работа, што значи дека Судот веќе се изјасни за уставноста и законитоста на оваа одлука на Собранието во предметот У.бр.40/2020, на седницата одржана на 8 и 15 април 2020 година, кога со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за оценување на нејзините уставност и законитост. Притоа тогаш во расправата беа земени предвид и околностите на кои се укажува со иницијативата“, информираат од Уставен суд.

Судиите одбија да ја оценуваат и уставнота на првата прогласена вонредна состојба од страна на претседателот Стево Пендаровски, бидејќи сметаат дека е беспредметно да се преиспитува нешто што е веќе завршено.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико