Уставните судии в понеделник ќе расправаат дали е уставна амнестијата на затворениците што ја даде власта
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.В понеделник уставните судии ќе ја разгледуваат иницијативата на адвокатот Сашко Дуковски за испитување на уставноста на Законот за амнестија, кој во февруари годинава го донесе Собранието. Оспорен е целиот член 3 од Законот за амнестија, со кој неколку илјади осудени лица излегоа од затворите, а на еден дел им беше намалена казната.
Според иницијативата на Дуковски, Законот е неуставен бидејќи во него е наведено за кои кривични дела се однесува амнестијата, а за кои не, со што е прекршено уставното начело за еднаквост на граѓаните пред уставот и законите.
Инцијативата се однесува на членот 9 од Уставот каде што е наведено дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законот, а членот 8 од Уставот пропишува дека темелни вредности на уставниот поредок се владеењето на правото и основните човекови права. Доколку уставните судии ја прифатат инцијативата на Дуковски, тогаш за неа треба и да гласаат.
Амнестијата не ги опфати осудените за убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, за силување, педофилија, посредување во вршење проституција, потоа за кривични дела против државата, за злосторничко здружување, како и за кривичните дела против човечноста и меѓународното право. Според Законот, амнестијата не важи и за лицата кои ги сториле делата по 20 септември 2017 година.
Од Министерството за правда тврдеа дека со амнестијата ќе се овозможи ресоцијализација и социјална реадаптација на осудените лица.
Извор: Макфакс