Усвоен Деловникот за работа на Комисијата за надзор над УБК и АР | Правдико

Правдико

   

Усвоен Деловникот за работа на Комисијата за надзор над УБК и АР

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Собраниската комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и Агенцијата за разузнавање (АР) денеска на првата седница едногласно го усвои Предлог Деловодникот за работа.

Пратеничката Фросина Ременски на расправата по текстот на Деловодникот предложи дополнување на членот 12 од Деловодникот со нов став 3 со кој што на пратеник кој не е член на Комисијата да има право да присуствува и на затворените седници  на Комисијата само доколку ги има исполнето условите, односно да има обезбедено безбедносен сертификат. Ременски појасни дека со тоа ќе се даде дополнителна транспарентност на работењето на Комисијата.

Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Горан Николовски побара од членовите на Комисијата да им се овозможи на отворените седници за јавност по негово барање или на директорот на Агенцијата за разузнавање доколку сметаат во одредени моменти да имаат можност да се изјаснат на затворена седница. Според претседателот на Комисијата Трајко Вељаноски, тоа право им е овозможено во членот 25 од Деловодникот.

Вељаноски од директорот на УБК побара службите во Управата побрзо да се произнасат на барањата за безбедносни сертификати на членовите на Комисијата, со цел, како што рече, да можат до крајот на јули да ги разгледаат извештаите на УБК и Агенцијата за разузнавање.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико