Усвоен нацрт-амандманот за почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет | Правдико

Правдико

   

Усвоен нацрт-амандманот за почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со 64 гласа ‘за’, двајца ‘воздржани’ и 14 гласа ‘против’, пратениците го усвоија нацрт-амандманот за почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката определба  на соседите.

И овој нацрт-амандман истко како и претходните два се донесе со просто мнозинство при што беа потрени гласови на 61 пратеник.

Претходно за време на викендот, Собранието ги усвои првите два нацрт-амандмани.

Со 67 гласа „за“, четири „воздржани“ и 23 „против“ Собранието вчера прво беше утврден нацртот на амандманот 33 на Уставот на Република Македонија, со кој се предвидува во Уставот зборовите „Република Македонија“ да се заменат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во членот 36, кој има историски апсект и се однесува на „посебните социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија”.

Неколку часа подоцна со 65 гласа „за“, 18 „против“ и 8 воздржани, Собранието го усвои и вториот нацрт-амандман на Уставот, со кој се предвидува зборовите „одлуките на АСНОМ“ да се заменат со „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ”, а тука се додава и Охридскиот рамковен договор.

Пред пратениците во Собранието остана уште еден нацрт-амандман кој се однесува на почитување на идентитетот и правото на иселениците надвор од државата и при тоа да не се мешаат во суверените права на државата во која престојуваат.

По усвојувањето на уставните амандмани во Собранието, Владата ќе треба да организира јавна расправа од три дена, по која што ќе треба да достави извештај до Собранието.

Финалното носење на амандманите ќе следи по владиниот извештај, кога претседателот на Собранието, Талат Џафери е должен во рок од 30 дена да закаже нова седница, за која повторно ќе биде потребно двотретинското мнозинство.

Габриела Димковиќ Мишевска

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико