Утре ќе се именува петтиот член на ад-хок телото за следење на медиумите пред изборите | Правдико

Правдико

   

Утре ќе се именува петтиот член на ад-хок телото за следење на медиумите пред изборите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вчера заврши повикот за петтиот член на Привремената комисија за следење на медиумското известување 100 дена пред парламентарните избори. Според информациите, на овој повик се пријавиле 10 новинари, а утре е крајниот рок за да се избере петтиот член.

22082016110307_web_mediumi_-_banskoliev

Досега членови на ова тело се Цветин Чилиманов и Слаѓана Димишкова, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ и Љубомир Костовски и Горан Трпеновски, на предлог на СДСМ. Според договорот меѓу четирите политички парии, петтиот член треба да биде Албанец. Мандатот на Привремената комисија трае до завршување на изборниот процес на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија.

Покрај именувањето на петтиот член и комплетирањето на ад-хок телото, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги утре треба да ја презентира и нацрт-методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори. Методологијата треба да биде усвоена на 1-ви септември. Дополнително, на 31-ви август се очекува лидерите на политички партии да се договорат за оддржување на предвремените избори на 11 декември.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико