Утре ќе се разговара за затворање на границите со Србија и Косово | Правдико

Правдико

   

Утре ќе се разговара за затворање на границите со Србија и Косово

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за здравство информира дека, со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести на утрешниот состанок ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји.

Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со коронавирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија.

По состанокот на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство ќе информира за одлуките на комисијата.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико