Правдико

   

Утре лидерска средба, ќе се разгледуваат деталите за референдумот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Премиерот Зоран Заев за утре најави лидерска средба. Средбата на која ќе се разговара околу деталите за референдумот се очекува да се случува во попладневните часови.

Преговорите меѓу работните групи ги запреа прашањата околу изборот на ДИК, законот за финансирање и политичките партии и барањето на опозицијата за техничка Влада, по теркот на Пржинскиот договор. Овие теми се издигнаа на лидерско ниво, па политичките лидери ќе треба да ги усогласат позициите, особено во делот на изборот на нов состав на ДИК, што ќе треба да го спроведе референдумот, кој, според најавите, се очекува да се одржи во септември или во октомври на есен.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико