Утре масовни штрајкови во Грција | Правдико

Правдико

   

Утре масовни штрајкови во Грција

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Цела Грција утре ќе биде парализирана од масовни работнички штрајкови против новиот закон со кој се предвидува намалување на пензиите и на здравственото осигурување. В четврток на улиците на Атина и на Солун ќе излезат членовите на најголемите работнички синдикати, ГСЕЕ и АДЕДИ, како и голем број претставници на приватниот сектор.

protesti-vo-Grcija-860x680

На протестот ќе му се приклучат земјоделците, кои веќе две недели ги блокираат грчките граници и автопатишта.

Денеска блокадите ќе бидат во стандардните интервали од 12 до 14 часот и од 18 до 21 часот по грчко време на премините Богородица, Дојран и Меџитлија. На преминот Богородица и Дојран има околу 800 трактори, а во текот на вчерашниот ден беше најавено и засилување на блокадата и можно стопирање на протекот на возила и подолго од досегашните петчасовни блокади.

На улица ќе излезат претставници од речиси секој државен и јавен сектор бидејќи законот ќе ги зафати сите во државата.

Покрај земјоделците, од кои дел ќе бидат во Атина, низ улиците во Солун ќе протестираат и асоцијацијата на грчки трговци, адвокатите, нотарите, професорите, камионџиите, вработените во електродистрибуција, даночниците, фармацевтите, докторите и медицинскиот персонал, поради што ќе бидат затворени и грчките болници.

Затворени ќе бидат и бензинските пумпи бидејќи кон штрајкот се приклучуваат и нивните сопственици.

Рачна сопирачка ќе кренат вработените во јавниот и во железничкиот превоз во Атина и во Солун, ќе нема автобуси, метро, откажани се сите возови, а ќе има и голем број откажани летови поради четиричасовниот штрајк на контролорите на летови. Нема да се движат ниту бродовите бидејќи Здружението на поморски работници најави 48-часовен штрајк в петок и в сабота.

Кон протестот се приклучуваат и грчките новинари, кои се на 24-часовен штрајк поради што во Грција владее медиумски мрак.

Протестот се очекува да биде еден од најжестоките досега бидејќи по долг период масовно кон него се приклучуваат сите работни сектори во државата, барајќи владата да се откаже од одлуката за намалување на пензиите и на здравствените бенефиции, мерка која е договорена со европските кредитори и која доколку не се спроведе, би можела повторно да ја врати Грција во јунските перипетии и во сценаријата за стопирање на европската финансиска помош.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико