Утре напладне обвинетите пратеници ќе се појават во судот за барањето за притвор | Правдико

Правдико

   

Утре напладне обвинетите пратеници ќе се појават во судот за барањето за притвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скопскиот кривичен суд утре напладне ќе ги сослуша шестемина пратеници на кои им беше симнат пратеничкиот имунитет, потврдуваат некои од адвокатите на обвинетите. Судиите ќе решаваат дали ќе останат на барањето за мерка притвор за пратениците, како што тоа го бара Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Пред судија на претходна постапка во вторник во 12 часот треба да се појават пратениците: Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Љубен Арнаудов, Жаклина Пешевска, Сашо Василевски и Љупчо Димовски поради сомнеж дека учествувале во настаните од 27 април оваа година.

Комисијата за мандатно-имунитетски прашања донесе заклучок дека на споменатите пратеници треба да им биде одземен пратеничкиот имунитет, а на седница на Собранието, која се одржа миинатиот четврток, беше изгласано одземање на пратеничките имунитети, по што претседателот на Собранието, Талат Џафери, до судот испрати допис со кој ја потврди веќе донесената одука. Неколку од пратениците веќе беа изведени пред судија на претходна постапка, а други се повикале на пратеничкиот имунитет.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико