Утре почнува пријавувањето за студентски стипендии | Правдико

Правдико

   

Утре почнува пријавувањето за студентски стипендии

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за образование и наука информира дека од утре почнува пријавувањето за остварување на правото на студентска стипендија, а во согласност со условите и критериумите наведени во конкурсот за академската 2021 – 2022 година, кој е објавен на следниот линк. Крајниот рок за пријавување е 15 октомври 2021 година.

Од оваа година постапката за пријавување за стипендија е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, со што значително се поедноставува начинот на остварување на правото. Студентите што немаат можност да се пријават електронски пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација во Министерството за образование и наука.

За најголем дел од категориите студентски стипендии месечните износи се зголемени, некаде и над 80 %.

Дополнително, утре почнува и поднесувањето документи за продолжување на правото на стипендија стекнато во некоја од изминатите академски години за што секој корисник кој ги исполнува условите од договорот потпишан со МОН доставува потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години и индекс на увид како докази дека има положено 80, односно 90 % (во зависност од типот на стипендијата што го користи) од предвидените испити. Доставата на документите се врши електронски преку http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку студентот нема можност, ги доставува хартиено до МОН. Краен рок е 30 октомври 2021 година.

МОН обезбедува поддршка при пријавувањето за секој заинтересиран кандидат за студентските стипендии преку Секторот за ученички и студентски стандард. Личните контакти на вработените во овој сектор се наведени на следниот линк.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико