Утре продолжува расправата за буџетот и разрешувањето на Зврлевски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Нема одмор додека не помине жешката расправа во парламентот за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски и 15-дневната процедура за избор на нов обвинител. Од утре почнува собраниската дебата за ребалансот на буџетот. По комисиската расправа и големиот број амандмани, законодавниот дом има 5 дена за дискусии по што се оди на гласање. Ова е решение во Деловникот што го изгласа ВМРО-ДПМНЕ кога беше на власт.
Пратеникот на СДСМ и партиски потпретседател, Благој Бочварски, вчера изјави дека, ако треба, парламентарното мнозинство ќе се откаже од одморот сè додека не се разреши јавниот обвинител Марко Зврлевски.
Како во оваа ситуација ќе се однесува опозициската ВМРО-ДПМНЕ, не се открива. Тие речиси сите се пријавија за дискусија на почетокот на точката за разрешување на Зврлевски.
Досега за ниту еден јавен обвинител немало маратонски дебати.
За разрешување на Марко Зврлевски позитивно се изјасни и Советот на јавните обвинители. Освен Петар Аневски, тие едногласно кажаа дека Зврлевски треба да замине од функцијата.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, кажа дека одморот на пратениците ќе почне од 4 август, а краен рок да ги распише локалните избори е 6 август, но тоа може да се случи и порано.
Пратениците не е задолжително да одат на одмор, иако тоа им го овозможува Деловникот. Доколку има неодложна и важна тема, тогаш тие, според Уставот, се во постојано заседание.
Извор: Макфакс