Утрешното рочиште за случајот „Титаник“, одложено за 22 септември, еден од обвинетите во изолација поради Ковид-19 | Правдико

Правдико

   

Утрешното рочиште за случајот „Титаник“, одложено за 22 септември, еден од обвинетите во изолација поради Ковид-19

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Заради добиено решение за изолација поради Ковид-19 на еден од обвинетите, главната расправа за предметот „Титаник“ која беше предвидена за утре се одлага, соопшти Основниот кривичен суд.

 

„Расправата насрочена за 14.09.2021 година се одлага заради добиено решение за изолација, согласно протоколите за заштита од Ковид – 19, на еден од обвинетите,
а воедно истовремено е насрочена и расправа за предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“ каде застапник на обвинението е истиот Јавен обвинител“, стои во соопштението од оваа институција.

Следната расправа за предметот „Титаник“ е насрочена за 22.09.2021 година во 10:00 часот за што веќе се известени странките во постапката“, стои во соопштението од Основниот кривичен суд.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико