Утврден идентитетот на опожареното лице во Градскиот парк | Правдико

Правдико

   

Утврден идентитетот на опожареното лице во Градскиот парк

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

полицијаСпоред извршената идентификација, Министерството за внатрешни работи потврди дека опожареното лице во Градскиот Парк во Скопје е 45 годишната Р.С.од Скопје.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје вчера изврши увид во Градскиот парк на местото каде беше пронајдено опожареното тело на женско лице. Од местото е подигнат доказен материјал и за истиот јавниот обвинител издаде Наредба за криминалистичко – техничко вештачење, како и Наредба за обдукција на телото.

Јавниот обвинител изврши и разговор со едно лице кое било сведок на настанот. Сведокот го слушнал пискотот на сега починатата во моментот додека горела и повикал екипа на Брза помош со која комуницирала до нејзиното доаѓање на местото на настанот.

Основното јавно обвинителство – Скопје работи на утврдување на причините на настанот.

Препорачуваме

Партнери на Правдико