Правдико

   

Утврден предлог-законот за помош за покачување на платата до 100 евра кај приватниците

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата го утврди текстот на предлог-законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата со кој ќе се овозможи уплата на придонеси од буџетот, во име и сметка на работниците кај работодавачите од приватниот сектор.

„Целта на Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување е поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата која е повисока до 100 евра, заради подобрување на економскиот стандард на вработените и поттикнување на економскиот раст и развој во Република Северна Македонија“, велат од Владата.

Притоа осигурениците непречено ги остваруваат правата од социјално осигурување, а работодавачите немаат обврска да плаќаат придонеси за социјално осигурување за износот на зголемена плата.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико