Уважени жалбите на СЈО во предметот ,,Тврдина”
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе две решенија со кои:
Жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) за лицето Г.Г. кое е опфатено во предметот на СЈО во јавноста познат како „Тврдина“ се уважува, а во врска со решението на судија на претходна постапка од 14.06.2016 година со кое предлогот за определување на мерка притвор од страна на судија на претходна постапка беше отфрлен, денеска советот го укина ова решение и истото се враќа на повторно одлучување пред судија на претходна постапка.
По однос на жалбите на СЈО за осомничените лица Т.Ј., Г.Ј., Н.Б. и В.С. исто така опфатени во предметот „Тврдина“, Кривичниот совет донесе решение со кое жалбите се уважуваат, а решението на судијата на претходна постапка од 14.06.2016 година со кое беше отфрлен предлогот на СЈО за определување на мерки на претпазливост, се укинува и се враќа на повторно одлучување.
Против овие решенија не се дозволени жалби.