Уверенијата од Казнена и Кривична евиденција ќе се издаваат во рок од 5 до 7 дена | Правдико

Правдико

   

Уверенијата од Казнена и Кривична евиденција ќе се издаваат во рок од 5 до 7 дена

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

судОсновниот суд Скопје 1 – Скопје ги известува сите граѓани дека, заради предвремените парламентарни избори во Р.Македонија и приливот на поднесени барање за издавање на Уверенија од Казнена и Кривична евиденција , истите ќе се издаваат во рок од 5 до 7 дена, зависно од обемот на работа.

Затоа уште еднаш им укажуваме на сите граѓани кои имаат потреба од Уверение од Казнена или Кривична евиденција, без разлика за која намена им е потребно уверението, навреме да го поденсат барањето во Кривичниот суд во Скопје и воедно напоменуваме дека конкретните уверенија, согласно Законските одредби,  се поднесуваат и се издаваат од странана на надлежен суд, според место на раѓање, а не според место на живеење.

За сите информации околу начинот на поднесување на барање, плаќање на Законски утврдената такса и потребниоте обрасци, за Уверенија од Казнена и Кривична евиденција за кои е надлежен Основниот суд Скопје 1 – Скопје, можете да се инфромирате преку веб – страната на судот:

http://osskopje1.mk/

Препорачуваме

Партнери на Правдико